Author: Author 04

СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра? Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака. Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, да прерасне во бетонска џунгла од 2 илјади станбени единици. Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му…

Повеќе

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари, соопшти Царинската Управа.Имено при контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Повеќе

Вчера во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож). Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Имено, според пријавеното, вработените ги забележале лицата во близина на едно гробно место и бидејќи од претходно им биле познати како извршители на кривични дела „тешки…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.„Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се особени вредности на ромскиот идентитет и заслужуваат должна почит. Нашата заедничка македонска држава, формално-правно е лидер во гарантирањето на малцинските права, во регионални и европски рамки. Но, реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции. Осми април…

Повеќе

Драматичната најава на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделен прекин на огнот со Иран веднаш ги „собори“ цените на суровата нафта на светските берзи. По неколкунеделна неизвесност и страв од глобален колапс, пазарите конечно здивнаа. Цената на нафтата од типот Брент забележа пад од 16 проценти и сега се тргува за околу 92 долари за барел. Уште подрастичен е падот кај американската лесна нафта (WTI), која поевтини за дури 19 проценти, спуштајќи се исто така на нивото од 92 долари. Сепак, експертите предупредуваат дека иако ова е позитивен сигнал, цените се сè уште значително повисоки од оние во февруари, кога…

Повеќе

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, неколку скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Центарот за управување со кризи (ЦУК) го пренесува соопштението од ЕВН за следните локации: Општина Чучер Сандево: Општина Петровец: Општина Ѓорче Петров: Општина Карпош: Општина Аеродром:

Повеќе

На овој свет ден, Православната црква се потсетува на два спротивни патишта: патот на грешната жена која со солзи и скапоцено миро ги помаза нозете на Спасителот, и патот на Јуда, кој за 30 сребреници Го предаде својот Учител. Додека жената го жртвуваше своето највредно богатство за да добие прошка, Јуда го продаде Непроценливиот за да задоволи минлива страст. Денешниот ден нè повикува на длабоко размислување – дали во нашите срца преовладува љубовта и жртвата или саможивоста и материјалното? На Велика Среда последен пат се изговара молитвата на Св. Ефрем Сирин со големи поклони и завршуваат великопосните богослужби, подготвувајќи нè…

Повеќе

Македонија влегува во фаза на значително посвежо и ветровито време. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска нè очекува променливо облачно небо, но главен предизвик ќе биде силниот северен ветер. Најкритично ќе биде долж Повардарието и во источните делови на земјата, каде налетите на ветерот повремено ќе надминуваат 70 километри на час. „Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат до 21 степен. Во Скопје температурата ќе се искачи до скромни 18 степени“, информираат од УХМР. Претпладне се очекуваат услови за слаб локален дожд, особено во утринските часови во делови од скопската котлина.

Повеќе

Штип доби нов систем за одржување на сообраќајниот ред. ЈП „Стипион“ и официјално ја пушти во работа мобилната патрола опремена со најсовремена технологија за контрола на паркирањето. Општината набави две специјални возила со камери кои автоматски ќе читаат таблички и ќе проверуваат дали е платено за паркинг местото. Главната цел на овој систем е да се исклучи „човечкиот фактор“ и да се оневозможи привилегираното непостапување. „Со воведувањето на мобилната патрола се зголемува ефикасноста и целосно се отфрла можноста за селективна наплата или простување прекршоци“, соопштуваат од ЈП „Стипион“. За почеток, граѓаните ќе добиваат само опомени како дел од периодот на…

Повеќе

Вчера во 17:50 часот во СВР Скопје В.П.(50) од Скопје пријави дека на 27.03.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички, а за настанот имало и видео материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе