- Акција на МВР низ државата: Приведени петмина возачи за безобѕирно возење, малолетници фатени зад волан без дозвола
- Црн ден во домовите: Приведени насилници во Тетово и Велес, нападнати жени во Скопје и Прилеп
- Скопје пред голема трансформација за 2028 година: Летни сцени на Кале и Аквадуктот, Поштата станува центар за младите
- Потврден првиот случај на западнонилска треска во Македонија, велешанец итно хоспитализиран во Скопје
- Зоолошките градини во Скопје и Битола се модернизираат по европски стандарди, се гради стабилен финансиски систем
- Скандал во средно училиште во Демир Хисар: Професор фалсификувал потпис на менторот за да си обезбеди кариера
- Ужас во Ценар: Среде бел ден маж се самозадоволувал пред скопјанка
- „Меѓу ѕвездите ќе одекнува твојот силен глас“: Познатите со потресни пораки се простуваат од оперскиот првенец Ристе Велков
Author: Author 04
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(57) и Ј.Ѓ.(27), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 29.09.2025 во атарот на с.Жидилово, кривопаланечко, пријавените упатувале закана на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувале службени дејствија.
Иако ова не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и раст во повеќе општини. Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намлува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а ја заголемува во однос на ЗНАМ и држи стабилна предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент се менува, велат од СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ попусто се обидува да прикаже огромен триумф, кога реалноста е дека бројките покажуваат голем пад во довербата во владините партнери. И покрај сите притисоци, уцени, поткуп и злоупотреба на сите полуги на власта, ВМРО-ДПМНЕ изгуби речиси 140.000 гласа од минатогодишните избори. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ падна дури…
Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава бриселски Политико од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да ги користат повеќето од придобивките од членството, а целосни права да добијат подоцна, откако ЕУ ќе спроведе клучни институционални реформи, вклучително и укинување на едногласното донесување одлуки во повеќето области. Според овој предлог, земјите-кандидатки би можеле да станат членки под пофлексибилни…
Возач на автобус што ги превезувал навивачите на Пистоја по натпреварот против кошаркарскиот клуб Себастијани од Риети (втора лига на Италија) почина откако домашните навивачи од Риети решија да го каменуваат автобусот. Според достапните информации што ги објави „Кориере дело Спорт“, каменот удрил во шофершајбната точно таму каде што седел вториот возач, до главниот возач. Екипи на брза помош, полиција и карабинери реагирале на местото на нападот. Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат скршено шофершајбна од десната страна, додека страната на возачот останала напукната, но без целосно оштетување. Напнатата атмосфера меѓу навивачите била тензична за време на натпреварот, особено на паузата…
По 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција. Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината, напиша актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов во својата објава на својот фејсбук профил. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ. Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и…
Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, со над 114.246 гласови, додека коалицијата ВРЕДИ добила околу 91.242 гласа. Политичката партија Левица добила поддршка од 57.063 гласачи, а партијата ЗНАМ 38.421. Коалицијата Искуство за успех (ГРОМ, ЛДП, Интегра, ПЦЕР) освоила…
Во текот на претстојната работна недела доаѓа државниот празник 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба, потоа следен неработен ден е 8 декември – последен продолжен викенд годинава . Четвртокот ќе биде неработен за сите граѓани во Република Северна МакедонијаСогласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница…
Овен Во наредниот период ќе бидете многу горди на себе бидејќи ќе успеете да ги доведете работите до она што најмногу го сакате, а тоа е добра организација на работата. Луѓето кои ви се многу блиски ќе ви помогнат во ова. Вашето здравје е стабилно. Бик Бидете многу повеќе фокусирани на она што има врска со вас лично и не донесувајте избрзани одлуки во врска со вашето партнерство. Личност родена под знакот на сина боја ќе биде многу негативна кон вашите деловни амбиции, но тоа не смее да ве деградира на никаков начин. Близнаци Марс создава многу негативни аспекти на…
Најпосетуваниот музеј во Франција, Лувр, ќе остане затворен и денеска по вчерашниот грабеж, соопшти портпаролот на музејот. Францускиот министер за правда, Жералд Дарманен, призна дека имало безбедносни пропусти во заштитата на Лувр, кои им овозможиле на крадците вчера да украдат кралски накит среде бел ден од познатиот париски музеј. – Она што е сигурно е дека потфрливме, бидејќи луѓе успеале да паркираат лифт за мебел во центарот на Париз, да се качат со него за неколку минути, да украдат бесценет накит и да ѝ дадат на Франција ужасна слика, изјави тој за радио „Франс Интер“. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно…
Кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, Максим Димитриевски освои 37,89 проценти или 16.183 гласови, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Во втор круг влегува и независниот кандидат Горан Стојковски-Диро со освоени 13,92 проценти или 5.946 гласови. Вчера тој заедно со кандидатите за советници од листата Движење ЗНАМ, За наша Македонија и коалициските партнери од ВМРО ДПМНЕ славеа победа. Димитриевски кажа дека граѓаните препознаваат континуитет, развој на Куманово. Во однос на листата на советници рече дека е победник и заедно со ВМРО ДПМНЕ кои се веднаш зад нив ќе направат силно мнозинство како и со останатите партнери од претходната локална власт.Независниот…
