- Имаат осум заеднички квалитети: Какви се луѓето родени во ноември?
- Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
- Голема излезност на изборите во САД: Над 43 милиони Американци гласаа пред изборниот ден
- Трамп: Не сакам да убијам многу луѓе во Иран по меѓуизборите во САД
- Хоџа – Палминтери: Продлабочување на партнерството со Италија во областа на животната средина
- Малолетник со родител повикан во полициска станица, тепал 18-годишник
- Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево
- Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците
Author: Author 04
Вчера во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Албанците не се алатки, туку се ЗАКОН, велат од ВЛЕН.„25 години, правичната и соодветната застапеност се користеше за политика. За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше.. Но, кога стануваше збор за решение, секогаш недостасуваше законот. Секогаш недостасуваше волјата. Можеби недостасуваше и храброста. Таканаречената алатка балансер, која требаше да гарантира еднаквост, во пракса се претвори во механизам со големи правни празнини, што дозволуваше манипулации, толкувања и вработувања мотивирани од теснопартиски интереси. ДУИ имаше години да го направи овој уставен принцип закон. Не го направи тоа. Дури и не се обиде. Ова е вистината! Денес е поинаку. За прв пат правичната застапеност станува обврска. За…
Покрај денешната поделба на оброци за социјално загрозените лица, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски информираше и за долгорочните мерки што ги презема за ресоцијализација на бездомниците. Од почетокот на неговиот мандат, десетина лица кои биле без свој дом веќе се вработени и го решиле своето станбено прашање. Вработените лица веќе го пронајдоа својот мир и добија шанса за нов живот. „Како градоначалник, но пред сѐ како човек, ќе го дадам и последниот атом од себе за да обезбедиме подобри услови за сите, за да има што помалку вакви судбини и што повеќе достоинствени животи. Секој човек заслужува достоинствен празник.…
По повод големиот христијански празник Велики Четврток, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на Здружението за помош на бездомници, Тони Станковски, организираше хуманитарна акција во која беа поделени повеќе од 300 оброци за социјално загрозените граѓани.Велики Четврток е ден за хуманост, ден кога сме најпотребни таму каде што болката и потребата се најголеми, напиша Ѓорѓиевски. „Грижата за бездомните лица е мерка на човечноста на едно општество. Токму таму каде што е најтешко, каде што недостигаат основни услови за живот, се покажува вистинската вредност на солидарноста. Денес, заедно со Тони Станковски, претседател на Здружението на граѓани за помош…
Пет лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно седум пријавени случаи Денеска (09.04.2026) во 01:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.В.(46) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.04.2026 околу 23:45 часот во домот на неговата 45-годишна партнерка од Свети Николе ѝ упатувал закани со остар предмет. Подоцна, тој во Полициската станица Свети Николе упатувал закани и кон полициски службеник кој вршел службени дејствија. За настанот е известен јавен обвинител. На 08.04.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од…
Драма во неготинско: Татко и син се пресметале со нож и дрвен предмет, двајцата завршија во полиција
Полициски службеници од ОВР – Неготино синоќа во 23 часот ги лишиле од слобода 50-годишник од неготинско село и неговиот 28-годишен син, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, 28-годишникот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница – Кавадарци. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес. Предметите биле пронајдени и одземени, а тие биле задржани во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино. – По документирање…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, при денешната посета на струмичкиот регион информираше за текот на откупот на една од клучните градинарски култури во овој период. Според официјалните податоци, од почетокот на годината досега се откупени околу 35 милиони килограми зелка. „Ако се фокусираме само на новата реколта на пролетна млада зелка, од крајот на февруари до вчера се откупени околу 30.000 тони. Динамиката е во согласност со предвидениот тек на бербата и откупот се одвива без застој“, изјави Трипуновски. Тој потенцираше дека моменталната откупна цена е задоволителна за производителите, а државата преку Инспекторатот ќе гарантира фер услови…
Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа посветена на нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, организирана од Министерството за јавна администрација. Целта на јавната расправа е да се презентира напредокот во спроведувањето на активностите во текот на 2025 година и да се овозможи отворена дискусија со институциите, граѓанскиот сектор и стручната јавност, со цел прибирање коментари, забелешки и предлози за понатамошно унапредување на реформскиот процес. Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува клучен столб на доброто управување и…
Струга останува еден од главните приоритети на Владата во годините што доаѓаат, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општината. Тој му се заблагодари на градоначалникот за успешното менаџирање и на пратениците од овој крај кои се борат за „проект повеќе“ во Струга и регионот. Се реализираат зафати кои биле ветувани со години, а останале само на хартија. Координацијата меѓу Владата, локалната администрација и пратениците е клучна за операционализација на ветеното. Струга и охридскиот регион се препознаени како стратешки приоритет за идни инвестиции. „Даваме збор дека ќе сториме сè што е во наша моќ да го испорачаме ветеното, па…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојуваше во Струга, каде изврши увид во реализацијата на значаен инфраструктурен проект за кој истакна дека граѓаните го чекале со децении. Мицкоски порача дека Владата е максимално фокусирана на подобрување на квалитетот на животот преку конкретни дела, а не преку празни ветувања. „Со реализацијата на вакви проекти ширум Македонија, Владата го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти и дека гледаат само за себе. Не сме чудотворци, но ‘ќе го оставиме срцето на терен’ за граѓаните да добијат поквалитетен живот. Тоа е нашата единствена инспирација“, изјави премиерот Мицкоски.
