Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан
    • Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
    • СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа
    • Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
    • Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 
    • Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек
    • Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршија 4-те милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово

    ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршија 4-те милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово

    09.04.2026 во 10:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС, Заев и Филипче и понатаму не даваат одговор за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово. Според објавените аудио снимки од разговорот меѓу Дака и Кичеец, Дака му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово, стои соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово?

    Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?

    Дали Заев и Филипче го ставиле личниот интерес пред интересот на граѓаните се со цел енормно да заработат? Дали Заев и Филипче за лична корист биле спремни да му дозволат на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа Дака да гради во Тетово?

    За лични лукративни цели Заев и Филипче биле спремни да ја шират и проруската политика, како што беше случајот со Онишченко и Марковски.

    Зошто СДС и Филипче молчеле и биле соучесници во процесот на ширење на проруска политика во Македонија?

    Ова е доказ дека Заев и Филипче освен лични интереси ништо друго не ги интересира. Заев и Филипче се спремни да продаваат национални интереси и да шират антидржавна политика, а со тоа и да наштетат на процесот на евроинтеграциите само поради една цел, енормно да се богатат.

    СДС да не молчи, Филипче да не се крие и да даде одговори на јавноста. ЈО да го истражи случајот целосно и да постапи согласно законот. Владеење на правото и правна држава мора да има“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11

    Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

    24.10.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.