Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешка сообраќајка кај Берово: „Опел“ се заби во ограда и се преврте, сопатничка заврши со тешки повреди
    • Ужас во Скопје: Маж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров, лекарите констатирале траги на насилство
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Власта се гоштева со лосос додека граѓаните пречекуваат Велигден со празни фрижидери

    СДСМ: Власта се гоштева со лосос додека граѓаните пречекуваат Велигден со празни фрижидери

    09.04.2026 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Среде криза, додека македонските семејствата влегуваат во велигденските празници со празни фрижидери и полупразни трпези, Мицкоски организира раскошни гозби на сметка на народот, велат од СДСМ.

    „Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, не знаат дали ќе имаат за леб, како да го поминат месецот, а Мицкоски како Луј XIV -ти, со владините функционери уживаат во раскошни гозби во скапи хотели.

    Додека мајки и татковци не знаат како да обезбедат празнична трпеза за своите деца, власта се гоштева со лосос на сметка на граѓаните.

    Нема пари за 600 евра минимална плата за работниците, нема пари за мерки за помош на ранливите граѓаните, само кога е Мицкоски и неговиот луксуз во прашање има пари. 

    Ова не ароганција – ова е навреда за секој граѓанин.

    Луксузирање на грбот на народот, папаја, манго, авион, гозби во скапи хотели. 

    Човек кој носи часовник од 60.000 евра, очигледно одамна го изгубил контактот со реалноста во која живее народот. Не знае што значи празен фрижидер. Не знае што значи да немаш за леб.

    Оваа власт не чувствува, не разбира и не се грижи за народот. Власта мисли само на себе.

    Се најаде ли Мицкоски? Колку им е доволно на функционерите од ВМРО-ОКГ? До кога ќе го понижуваат народот?“, прашуваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.