Close Menu
Press24
    Најново

    Затвор за адвокатот што ветувал слобода со поткуп, подигнато обвинение за судијата со 350.000 евра во ѕидот

    17.04.2026 во 12:02

    Кривична пријава за поранешната директорка на битолската болница: Исплаќале илјадници евра за фиктивни прекувремени часови

    17.04.2026 во 11:52

    „Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

    17.04.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвор за адвокатот што ветувал слобода со поткуп, подигнато обвинение за судијата со 350.000 евра во ѕидот
    • Кривична пријава за поранешната директорка на битолската болница: Исплаќале илјадници евра за фиктивни прекувремени часови
    • „Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач
    • Мицкоски: На добра патека сме, Македонија има 3,5 пати поголем економски раст од просекот во ЕУ
    • Нови проекти во Ѓорче Петров: Започна доградбата на ООУ „Страшо Пинџур“, Мицкоски најави уште инвестиции
    • Мицкоски: Македонија е енергетски стабилна, имаме најевтини горива и доволни резерви за граѓаните и бизнисот
    • Денеска е Источен петок – Балаклија: Празник посветен на Пресвета Богородица и лековитите води
    • Дневен хороскоп: Младата месечина носи моќна енергија и нови почетоци за сите знаци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Затвор за адвокатот што ветувал слобода со поткуп, подигнато обвинение за судијата со 350.000 евра во ѕидот

    Затвор за адвокатот што ветувал слобода со поткуп, подигнато обвинение за судијата со 350.000 евра во ѕидот

    17.04.2026 во 12:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на детална истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги обезбеди сите докази кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања – адвокат побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор определена кон лице кое тогаш било недостапно на органите на прогонот.

    Соочен со доказите на обвинителството, обвинетиот целосно ги призна и прифати наводите во обвинението, по што побара да се спогоди за висината на кривичната санкција.
    Врз основа на постигнатата предлог-спогодба во која беа земени предвид сите отежителни и олеснителни околности, Основниот кривичен суд Скопје вчера изрече пресуда со која го осуди обвинетиот на ефективна казна затвор од 1 година и 3 месеци за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 7 од Кривичниот законик.
    Со прифаќање на предлог спогодбата, сега осудениот ги потврди и наводите во обвинението согласно кои побараните пари биле со намена со поткуп да влијае врз конкретен судија од Апелациониот суд во Скопје за да издејствува укинување на мерка притвор.

    Иако во конкретниот случај адвокатот бил фатен “ин флагранти” со дел од поткупот и тие пари не стигнале до судијата, јавниот обвинител презеде и повеќе други дејствија и претреси при кои на 18.01.2026 година во домот на родителите на судијата во Неготино, пронајде вкупно 350.000 евра за чие потекло тој нема доказ и не ги пријавил.

    Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите.

    Ова предизвика основано сомнение дека овој осомничен во периодот од 10.02.2020 година, како службено лице судија во Апелациониот суд Скопје, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена давал лажни податоци за својот имот и имотот на неговото семејство и не пријавил имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи.

    Од поведувањето на постапката јавниот обвинител презеде повеќе дејствија со кои обезбеди цврсти докази во однос на сопственоста на паричните средства, со што се потврдија елементите кои го исполнуваат битието на кривичното дело – Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а. Имајќи го предвид доказниот материјал за располагање со имотот во периодот од 2020 година до денес, во корелација со начинот искористен за криење на пронајдените парични средства, се обезбедија докази кои укажуваат на обележја и на кривичното дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.

    Врз основа на обезбедените докази, ОЈОГОКК денеска поднесе обвинение против судијата од Апелациониот суд за наведените кривични дела.

    Надлежниот јавен обвинител продолжува да презема дејствија до целосно испитување на сите аспекти наy сомнежите за коруптивни дејствија и потенцијална инволвираност и на други лица.

    Популарно

    Затвор за адвокатот што ветувал слобода со поткуп, подигнато обвинение за судијата со 350.000 евра во ѕидот

    17.04.2026 во 12:02

    Кривична пријава за поранешната директорка на битолската болница: Исплаќале илјадници евра за фиктивни прекувремени часови

    17.04.2026 во 11:52

    „Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

    17.04.2026 во 11:38

    Мицкоски: На добра патека сме, Македонија има 3,5 пати поголем економски раст од просекот во ЕУ

    17.04.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.