Close Menu
Press24
    Најново

    Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

    13.05.2026 во 12:06

    УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме

    13.05.2026 во 11:54

    Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница

    13.05.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски
    • УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме
    • Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница
    • Аларм во Германија: Автомобилската индустрија ќе изгуби 225.000 работни места до 2035 година
    • Ковач: Србија не смее да се откаже од ЕУ, проширувањето е поттик за реформи
    • Цената на нафтата продолжува да расте
    • Напад врз нафтената инфраструктура: Украински дронови го погодија терминалот во Краснодар
    • Французинка на апарати за одржување во живот, бројот на заразени расте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: На добра патека сме, Македонија има 3,5 пати поголем економски раст од просекот во ЕУ

    Мицкоски: На добра патека сме, Македонија има 3,5 пати поголем економски раст од просекот во ЕУ

    17.04.2026 во 11:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновите информации и бројки за прометот на индустријата од Државниот завод за статистика, изјави:

    „Па, имајќи ја предвид состојбата во светот и состојбата во Европа, ценам дека растот во прометот во индустријата и дома и надвор е солиден. И ние сме единствена земја што има таков раст во регионот, друга нема таков раст. 

    Често пати кога коментираме, мора да правиме споредби. И сега оваа Влада шест квартали по ред има просек раст на бруто домашен производ од 3,5%, но во услови кога растот во ЕУ е под 1%. Некој ќе каже, имало периоди кога растот бил и 5,5% и 6%, но да, тогаш и растот во рамките на Европската Унија бил идентичен 5,5% и 6%. Сега имаме повеќе од три и половина пати поголем раст од оној просечниот што е во ЕУ, шест квартали, зборувам по ред. И тоа за нас претставува инспирација дека добро ги тераме работите. Сега не велам одлично, секогаш може подобро, но сега за сега имајќи ја предвид глобалната ситуација, мислам дека добро се тераат работите. Во тој предизвик е индустријата. 

    Кај индустриското производство имаме два предизвици, т.е. слабата активност на дел од рудниците. Иако, има и такви структури во општеството коишто би сите рудници да се затворат и оние коишто ги исполнуваат сите еколошки стандарди и на тој начин да ја банкротираат државата за да добијат грант повеќе. Има и такви. Еве гледам реакција одма после стратешкиот рудник за антимон којшто е светски конкурентен, се појавија некои такви, одма да критикуваат за да добијат грант повеќе. И да ја кодошат државата и оваа Влада, но овој пат мислам дека на тврд орев ќе налетаат. Нема да се повлекуваме затоа што тоа е иднината, ако сакаме да имаме држава, тоа е иднината. 

    И второ, она коешто мене ми е важно, покрај рудниците е да се стабилизира делот на производството на електричната енергија. И мислам дека е веќе во рамките на едни стабилни текови. Така што генерално, мислам дека, имајќи ја предвид состојбата ќе повторам, глобално сме на добра патека.“

    Прочитај повеќе

    Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

    13.05.2026 во 12:06

    УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме

    13.05.2026 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.