Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова на 5. Дипломатски форум во Анталија: Потребна е превентивна, наместо реактивна дипломатија

    Сиљановска-Давкова на 5. Дипломатски форум во Анталија: Потребна е превентивна, наместо реактивна дипломатија

    17.04.2026 во 12:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на „Панелот на лидери“ на тема: „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“.

    Говорејќи за глобалните неизвесности, таа предупреди на растечката опасност од авторитарни тенденции и ремилитаризација, како и на сериозната криза на политичкото лидерство. За неа повеќе од кога било на светот му се потребни одговорни лидери, рано предупредување на ризиците, како и превентивна, наместо реактивна дипломатија.

    Според неа, меѓународното право не може да се применува и почитува, без силни и стабилни меѓународни институции. Таа укажа на неодложната потреба од длабока реформа на ОН, но и на Европската Унија, со оглед на фактот што обете беа формирани како неопходни мировни проекти, а се соочуваат со војна.

    Во врска со Западниот Балкан, Сиљановска-Давкова го реафирмираше ставот дека евроинтеграциите не се само политичко, туку и безбедносно прашање, а отпорноста на трети страни е возможна само ако сме внатре во ЕУ.  Уште еднаш, укажа дека спротивно на основните европски начела и принципи, вградени во конститутивните документи на ЕУ, е членството да се условува со преговори за идентитетски прашања, култура, историја и јазик. 

    На панелот учествуваа претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев и премерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе. Дискусијата ја модерираше Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи, пратеник во Големото национално Собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО.

    Панелистите ги искажаа своите ставови за клучните глобални предизвици и неизвесности со кои се соочува меѓународната заедница во 2026 година, со фокус на прашањата за геополитичките тензии, економска нестабилност, климатските ризици, технолошките трансформации и безбедносните закани.

    Се согласија дека зајакнувањето на мултилатералните институции е неопходно во градењето на поефикасен меѓународен систем. Беше истакната важноста на антиципативната дипломатија, проактивното препознавање и управување со новите ризици, како и потребата од современи стратешки рамки што ќе ја поттикнат соработката меѓу државите во справување со заедничките глобални предизвици.

    Прочитај повеќе

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.