Author: Author 04

Ноќеска во 02:53 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 31-годишниот М.П. од Пробиштип. Претходно, тој со возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, удрил во паркирано возило, по што се заканувал на сопственичката на паркираното возило М.С.(21) од Свети Николе. Додека, при преземање мерки во врска со настанот, полициските службеници констатирале дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Повеќе

Вчера во 10:13 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај превој Буково, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода М.Л.(24) од с.Белчишта, општина Дебарца. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 70 километри на час. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска одговори на новинарско прашање во врска со гласините за можна реконструкција на Владата и негово преминување на друга позиција. Тошковски индиректно ја отфрли можноста за напуштање на функцијата, нагласувајќи ја својата посветеност на тековните обврски. „Почнав премногу темелни проекти во изминатата година кои ќе треба да ги завршам во наредната година,“ рече министерот. Оваа изјава се толкува како намера на Тошковски да остане на чело на МВР со цел да ги финализира започнатите реформи и проекти, како што е системот „Безбеден град“ (Safe City).

Повеќе

По аминувањето од страна на Заев и Филипче на владина седница за кусокот 2.000 тони жито вреден 800.000 евра, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа на својот ментор со грант од 1,4 милиони евра, средства од ИПАРД програмата, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Компанијата „Тргопродукт’’, која е една од најпознатите фирми во сопственост на Заеви, во тогашната 2022 година, добила грант вреден 1,4 милиони евра. За граѓаните да им биде појасно, станува збор за познатиот бренд на Заеви, „Мамас’’, истакна Манасиевски. „Уште по сомнително е тоа што овој грант во вредност од близу 87…

Повеќе

Основниот суд Кавадарци донесе пресуда со која кавадарчанецот Илија Панов (42) е осуден на 16 години затвор за убиството на неговата партнерка, Сузана С.С. (52). Убиството се случи на 22 јануари 2025 година, кога Панов во нејзиниот дом во Кавадарци ја усмртил партнерката со гушење. Трагедијата ја открила ќерката на починатата, Д.Т., која веднаш го пријавила настанот. МВР тогаш соопшти дека по извршените вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, биле обезбедени докази кои недвосмислено покажале дека Илија Панов е сторител на делото. Панов беше приведен и против него ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава за „убиство“ по член 123…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска нагласи дека системот „Безбеден град“ (Safe City) ќе функционира исклучиво на принцип на неселективност. Тој ја отфрли можноста за привилегии, изјавувајќи дека ниту еден функционер, вработен во институциите или возач на службено возило нема да биде изземен од санкции за сообраќаен прекршок. „Сејф сити единствено може да даде соодветен одговор ако прави до крај неселективност. Никој нема да биде исклучен,“ рече Тошковски. Тој потврди дека правилата ќе важат за сите, освен за јасно пропишани ситуации, како што се возила на Брза помош или МВР кои работат во оперативна процедура. Министерот посочи дека веќе…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Сејф сити“ којшто започна официјално денеска со пробниот период, изјави: „Апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар да го издржиме, само да спасиме некој човечки живот. Затоа што само изминативе недела, две во строгиот центар на главниот град имавме три жртви, што повредени, што би рекол, луѓе коишто го изгубиле животот…

Повеќе

Сите 37 обвинети (сопственици, инспектори, поранешни градоначалници и други) во случајот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, денеска пред Судот изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата „тешки дела против општата сигурност“. Иако некои од нив изразија сочувство, ниту еден не призна вина, со што се отвора долг судски процес. Обвинителството останува на ставот дека доказите ќе покажат оти клубот бил „смртоносна стапица“ поради институционален молк и негрижа. Клучни наоди на Обвинителството: Судењето, кое го води судијката Диана Груевска Илиевска, се одвива под засилени безбедносни мерки.

Повеќе

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност на државата, на единиците на локалната самоуправа и на сите учесници во сообраќајот. Безбедноста не е само формално почитување на правилата, тaa е култура на однесување кои ги штити животите, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето обраќање на Националната конференција ”Безбедност во сообраќајот во единиците на локланите самоуправи.” Патната инфарструктура што ја креираме мора да биде безбедна по проект, да ги минимизира ризиците и да нуди услови за безбедно движење за пешаците, велосипедисти, моторни возила и лицата со делумна подвижност. Безбедноста мора да стане основен критериум во плановите и проектите што ги правиме, додаде…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изнесе шокантни податоци од пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City): за само еден ден се регистрирани 110.000 сообраќајни прекршоци. Оваа бројка, презентирана на Националната конференција за безбедност на сообраќајот, јасно ја покажува алармантната состојба во сообраќајот и оправданоста за воведување на системот. Министерот Тошковски најави дека иако системот е целосно функционален, почетокот на казнувањето за регистрираните прекршоци е можно да се помести за 1 февруари. Одложувањето се прави за да им се даде дополнително време на граѓаните целосно да се запознаат со функционирањето на системот.

Повеќе