Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера

    29.10.2026 во 08:17

    Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски

    29.10.2026 во 08:16

    Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите

    29.10.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Светски ден на слободата на медиумите

    Денеска е Светски ден на слободата на медиумите

    03.05.2026 во 10:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Под мотото „Обликување на иднина во мир“, во Лусака, Замбија, утре и задутре ќе се одржи глобална конференција по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите. Овој ден, воспоставен во 1993 година по препорака на УНЕСКО, има за цел да ја промовира заштитата на медиумските слободи и да им оддаде почит на работниците кои ги загубија животите при вршење на својата работа.

    УНЕСКО алармира дека слободата на медиумите бележи најголем пад од 2012 година наваму. Организацијата предупредува на сериозни закани за информацискиот екосистем.

    „Манипулацијата со информации, вклучително и употребата на вештачката интелигенција од страна на злонамерни актери, ја ослабува довербата и националната безбедност. Истовремено, независните медиуми се соочуваат со се поголема економска кревкост. Самоцензурата порасна за повеќе од 60 отсто, поттикната од страв од одмазда, онлајн вознемирување, судско заплашување и економски притисок“, наведуваат од УНЕСКО.

    Европската Унија исто така упати порака дека новинарите мора да бидат заштитени во секој момент. ЕУ предупредува дека 2025 година била најсмртоносна за медиумските работници на глобално ниво.

    „Владите мора да воспостават цврста правна рамка за да ги заштитат новинарите од злоупотреба на судските постапки. Ограничувањето на мрежите на странски дописници денес само остава поголем простор за ширење опасни и непроверени информации“, се додава во соопштението на ЕУ.

    Во Македонија, овој ден веќе четврта година по ред беше одбележан со традиционална крводарителска акција во организација на ССНМ и ЗНМ.

    Прочитај повеќе

    Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера

    29.10.2026 во 08:17

    Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски

    29.10.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.