Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Авион принудно слета во Приштина – патничка пиела алкохол и плукала во лице на други

    Авион принудно слета во Приштина – патничка пиела алкохол и плукала во лице на други

    03.05.2026 во 10:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лет на авиокомпанијата „Изиџет“ од Лондон за Анталија минатата среда бил прекинат и пренасочен кон Меѓународниот аеродром во Приштина, откако меѓу патниците избила жестока тепачка.

    Како што пренесува „Дејли мејл“, инцидентот го предизвикала патничка која конзумирала алкохол директно од шише и му плукнала во лице на друг патник. На видео снимките од летот се гледа како таа се обидува физички да се пресмета со патник преку седиштата, по што интервенирал персоналот и други патници.

    „Седев зад нив и си гледав своја работа кога одеднаш слушнав викање и галама. Подигнав поглед и не можев да поверувам што се случува, беше целосно лудо. Жестоко се расправаа и си пцуеја. Сите беа малку исплашени, се чувствувавме беспомошно и ни беше жал за персоналот“, изјавил сведок за медиумите.

    По слетувањето во Приштина, полицијата влегла во авионот и ги привела двајцата инволвирани патници. Летот продолжил кон Турција со три часа задоцнување.

    Од „Изиџет“ потврдија дека безбедноста е нивен приоритет и нагласија дека имаат нулта толеранција за непримерно однесување. Овој случај повторно ја отвори дебатата за ограничување на алкохолот на аеродромите, повик кој неодамна го упати и првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.