- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека системот „Безбеден град“ (Safe City), кој започна со пробно функционирање, регистрирал 110.000 сообраќајни прекршоци за само 24 часа. Тошковски ја соопшти оваа фрапантна бројка по неговото обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Овој податок, кој е двојно поголем од првично објавените 65.000 прекршоци за 12 часа, уште еднаш ја потврдува алармантната состојба со сообраќајната култура и неопходноста од воведувањето на системот.
Денешното рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани започна со скандалозно откритие. Судијката Диана Груевска Илиевска, непосредно пред почетокот на расправата, го опомена обвинетиот Џеваир Камбери (од Министерството за економија), информирајќи дека во затворот кај него биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп. Обвинетиот Камбери, кој е еден од 37-те обвинети за пожарот во кој загинаа 63 лица, се изјасни пред Судот: „Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму,“ изјави тој. Судијката, исто така, информираше дека биле поднесени нови полномоштва за оштетени лица. Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки. Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Брисел остварија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас. Средбата се одржа во рамки на нивната работна посета на Брисел, а во контекст на континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен процес и заедничките напори за продлабочување на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната. Муцунски и Муртезани ја потврдија посветеноста на реформите, европската агенда и унапредувањето на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната. Тие ја реафирмираа и…
„Почитуван’’ поранешен претседател на Македонија, она што го говорите на едно ваше интервју за наводно про-руско или про-српско влијание во државата во изминатите 7 години, да ве потсетиме дека тој период на власт беа СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од тие изминати 7 години, да ве потсетиме дека вие бевте претседател на државата, период во кој вие велите дека е зголемено истото тоа влијание во државата. Прашуваме, дали Пендаровски, заедно со СДС и ДУИ, имаат создадено или овозможено про-руско влијание во државата? Дали Пендаровски и власта на СДС и ДУИ, лицемерно говореа и ја поддржуваа Украина, додека од друга…
На телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој на самиот почеток се осврна на темата за новиот Предлог-буџет, и направи паралела за време на владеењето на СДС и ДУИ чиј просек на раст бил 1,1% додека денес со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има раст од 3,5 до 3,8%. „БДП е основниот параметар во рамки на макроекономијата којшто ви кажува дали државата оди во правилна или погрешна насока. Она коешто е факт и коешто е бројка е тоа дека СДС и ДУИ беа на власт седум години, во тие седум години просекот…
Вчера во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од с.Тромеѓа, кумановско. Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во периодот од 01.11.2025 до 30.11.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесници во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР Куманово – 22. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци. Контролите продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува големо чистење на јавните површини на територијата на општината. Акцијата го опфаќа потегот од крстосницата помеѓу „Народни херои“ и бул. „Борис Трајковски“ до кружниот тек во населбата Драчево.Со помош на метли, тримери и телескопски пили, се чистат зелените појаси, се кастрат гранки и се коси нараснатата тревна површина, а тротоарите и коловозите се метат со специјални метларки. Во рамки на акцијата, преку Секторот за месна самоуправа, Општина Кисела Вода ангажираше 40 сезонски работници кои активно се вклучени на терен. -Хигиената…
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната самоуправа ќе реагира на секое нарушување на јавниот простор и безбедноста на граѓаните. „Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да…
Овен Овој ден ве соочува со динамика што долго сте ја игнорирале, некој има повеќе контрола врз ситуацијата отколку што сте мислеле. Квадратот меѓу Месечината и Плутон ви покажува дека притисокот само создава отпор, па денес учите како да се повлечете еден чекор за да ја видите сликата појасно. Кога ќе го направите тоа, станува јасно каде губите енергија и што треба да запечатите со граница. Восходечката Месечина во Бик ве учи дека стабилноста не е пасивност – таа е избор. Бик Овој ден ве става лице-в-лице со нешто што ве мачело подолго време, но не сте го именувале. Месечината…
