- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Машинскиот извршен персонал во железницата од денеска, од 13 часот, стапи во бојкот на работата. Ова значи дека вработените се присутни на работните места, но не ги извршуваат работните обврски. Како директна последица од бојкотот, патничкиот железнички сообраќај е во прекин – возот за Битола не замина, а откажан е и најавениот воз за Гевгелија. Од Синдикатот на машиновозачи предупредуваат дека бојкотот може да потрае бидејќи менаџерскиот тим на претпријатието нема слух за нивните барања. Тие очекуваат повик за средба и преговори. Клучни барања на вработените (вкупно 603, од кои 46 се активни машиновозачи):
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта. Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител. A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за…
Лишено е од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник, и е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци поради основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144, „демнење“ по член 144А и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394Г од Кривичниот законик, за што му…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за валиден доказ. Во првата фаза системот ќе регистрира: брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза е предвидено проширување на спектарот на прекршоци. Кога системот ќе…
Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан. „Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници кои се во ист налог како и корисникот кој извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово…
Судскиот совет за оваа среда закажа седница, а на дневен ред помеѓу седумте точки е и точката за постапување по решенија на Советот за одлучување по жалби пред Врховниот суд. И покрај тоа што не е експлицитно наведено, најверојатно се работи за предметот „Телеком-Фокус нет“, за кои веќе Судскиот совет донесе одлука за разрешување на трите судијки од Апелациониот суд. Неизвесно е дали овој Судски совет ќе успее да ја потврди одлуката која ја донесе. За судијката Наташа Савовска Димитровска и Роза Георгиева, Советот донесе одлука за разрешување додека за судијката Јетмире Ајдини Бошњаку, беше донесена одлука за парична каза,…
Вчера во 11:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.Ф.(44) од Австрија. При гранична контрола и проверки во возилото „фолксваген“ – кампер со австриски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена марихуана. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.М.(23) и М.П.(19), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2025 пријавените со патничко возило „форд“ удриле во патничко возило „голф“, во кое биле В.Р., Д.П. и М.К., а потоа ги нападнале со употреба на тврд предмет.
На 30.11./01.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 23-годишната Н.К., П.Ѓ.(25), М.З.(46), М.М.(21), Т.Т.(38), А.Н.(36) и Г.Т.(44), сите од Скопје и К.А.Б.(20) од Р.Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес. По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, соопштија од МВР во дневниот билтен. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
