Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС и Филипче се проевропска опција само на етикета, постојано се демантирани од Брисел

    Манасиевски: СДС и Филипче се проевропска опција само на етикета, постојано се демантирани од Брисел

    02.05.2026 во 11:521 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати серија обвинувања до СДС и нивниот лидер Венко Филипче, тврдејќи дека партијата користи лажни проевропски етикети за да ги прикрие претходните национални предавства.

    „СДС се претставуваат како проевропска опција, а се што ќе кажат постојано е демантирано од европски институции или од европратеници“, изјави Манасиевски.

    Според него, доказ за ова се неодамнешните деманти од европратеникот Томас Вајц, како и официјалните соопштенија од Европската Комисија во врска со средствата од ИПАРД програмата. Манасиевски истакна дека додека опозицијата ширела паника, институциите на ЕУ потврдиле напредок во Реформската агенда.

    Покрај меѓународниот аспект, Манасиевски се осврна и на односот кон националните херои, посочувајќи на неодамнешните изјави на Рубин Земон.

    „Додека Венко Филипче говори за национални интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит и со тоа директно ја релативизираше неговата улога. За Филипче и СДС, еден од темелите на македонската државност е небитен“, нагласи тој.

    Заклучокот на Манасиевски е дека сегашното раководство на СДС не се разликува од претходното. „СДС на чело со Венко Филипче, се истиот СДС на чело со Зоран Заев“, порача тој.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.