- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата е потврда за тоа дека станува збор за криминал вреден 800.000 евра, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Откако по направениот записник на Димковски, а потоа донесен и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, од СДС нема ниту осуда ниту оградување, истакна Манасиевски. „Напротив, тие влегоа во штитење на овој криминал на нивниот ментор Заев и учениците Филипче и Николовски. Зошто СДС го брани овој криминал вреден близу 800.000 евра?…
Вчера во 10:45 часот на ул.,,Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ф.(44) од Охрид. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид, физички го нападнал нападнал С.М.(34) од Охрид, при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Проф. д-р Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите. „Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од сопствени средства. Вакви зони ќе предвидиме и во студентските домови каде што постои потреба, како и на останатите факултети и универзитети. Најмногу се фокусираме на просторот каде што се присутни најмногу студенти и професори,“ изјави Андоновски. Министерот се осврна и…
Популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ била задржана од полицијата и инспекциските служби во Кичево, откако во нејзиниот ангажман биле утврдени нерегуларности. Рамовиќ и нејзиниот музички бенд настапувале во угостителски објект без поседување соодветни документи за работа. Овој случај доаѓа само една недела по сличен инцидент, кога српскиот пејач Аца Лукас исто така беше фатен како настапува без работна дозвола во Кавадарци. Акциската контрола била спроведена во ноќта на 29/30.11.2025 година во угостителски објекти во Кичево, од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државниот пазарен и Трудов инспекторат. При контрола на објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид,…
Инцидент со трагичен исход ја потресе хрватската јавност синоќа во Сплит, откако маж починал во болница откако голтнал дрога за време на полициска контрола. Полицајци од мобилната служба на царинската испостава во Сплит, со асистенција од полицијата, запреле возач околу полноќ за рутинска контрола и алкотест. Било утврдено дека вози под дејство на алкохол, со измерени 0,67 промили во крвта. Возачот одбил прелиминарен тест за дрога, а за време на постапката предал две ролни со мала количина марихуана и хашиш. Во полициската станица, мажот одбивал соработка, давајќи неразбирливи одговори, што ја навело полицијата да се посомнева дека крие предмет во…
Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици ја потресе швајцарската јавност викендов, при што животот го загуби еден државјанин на Македонија. Инцидентот се случил доцна во саботата вечерта во Шлиерен, кантон Цирих. Во несреќата трагично загина 39-годишен македонски државјанин. Посебна тежина на случајот му дава фактот што возачот, исто така 39-годишен Македонец, избегал од местото на настанот по сударот, без да му пружи помош на својот тешко повреден сопатник. Возачот подоцна е уапсен. Според официјалниот извештај на Кантоналната полиција во Цирих, несреќата се случила околу 23:30 часот. Возилото, моќен СУВ (џип) марка „БМВ“ со над 500 коњски сили, се движело од…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно е завршено украсувањето на општината за претстојните празници.„Центар блесна уште пред неколку дена. На повеќе локации е украсено, почнувајќи од Дебар Маало, улиците Орце Николов, Боемска, Сквер Јадран, двата парка во Капиштец, плочникот кај Агромеханика , вкупно десет локации во општината се накитени. Целта ни е да ја разбудиме новогодишната магија и да создадеме убава празнична атмосфера во која ќе уживаат и нашите најмали, децата“, рече градоначалникот во гостување на утринската програма на МРТВ. Герасимовски најави дека и годинава општината подготвува богата културно-уметничка програма за празниците. „Ќе имаме неколку настани во…
Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, меѓу другото МВР врши контрола над возачите и другите учесници во сообраќајот на патиштата. Контролата ја врши преку непосредно забележување, со употреба на соодветни технички средства и направи, и со последните измени од законот, прекршоци ќе се документираат и со технички средства и уреди за снимање. Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од…
Вчера во 18:23 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.С.(42) од Оризари, кочанско. Претходно, околу 17:15 часот на магистралниот пат А3, во близина на крстосница „База Гранит“, тој со возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(56) од Кочани, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден во неговиот дом и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.
АМСМ информира дека денеска има привремен прекин на сообраќајот на Граничниот премин (ГП) Дојран. Прекинот е на сила од 10:30 до 12:30 часот и се однесува на влезот и излезот од грчка страна. Сообраќајот е целосно блокиран за секаков вид на возила, а причината е штрајк на земјоделци во соседна Грција.
