- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угостителските објекти, во пресрет на празниците и очекуваниот зголемен број прослави. Примарна цел на оваа акција е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди максимална заштита на гостите кои ќе ги посетуваат објектите. Од Инспекторатот апелираат до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби. Посебен акцент се става на регулативите кои се однесуваат на: ДПИ предупредува дека соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и најавува дека ќе преземе мерки и санкции согласно законите. Граѓаните се повикуваат секоја неправилност да ја…
Ноќеска околу 00.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“ и Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило „поло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48)од Куманово. Во незгодата со повреди се здобил возачот Д.К. и бил префрлен на клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти СВР Куманово. И Tериторијалната противпожарна единица интервенирала на сообраќајката, од каде наведуваат дека ја отворале вратата на еден од автомобилите. Екипа СВР Куманово…
Град Скопје соопшти дека го започнува процесот на креирање на Буџетот за 2026 година со заложба за максимална транспарентност, отчетност и вклученост на јавноста. Целта е да се врати довербата на граѓаните преку отворен и партнерски пристап, каде секој жител, организација или заедница ќе може да даде конструктивен придонес. Од Градот нагласуваат дека дијалогот е ставен во центарот на сите процеси, со што се потврдува заложбата дека буџетот е стратегија изградена врз реалните потреби и визија за иднината на градот. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати директен повик до скопјани: “Почитувани скопјани, транспарентноста и отчетноста отсекогаш биле моја водилка……
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави утринските температури, при што најниска е измерена во повеќе градови. Најстудено е во Тетово, Битола и Берово, каде термометрите се спуштиле до -1 степен Целзиусов. Следат со 0 степени Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Маврови Анови. Еден степен е измерен во Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес, додека 2 степени има во Крушево, Штип и Кавадарци. Најтопло утро имале Гевгелија и Охрид со 4 степени, и Претор со 5 степени. Според прогнозата на УХМР, денешниот ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови, по одделни котлини…
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24.11. до 30.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 97 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во државата. На состанокот се дискутираше на тема општокорисна работа и превенција на вандализмот кај малолетните лица. Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и отпочнување пилот-проект во општинските училишта, со вклучување на учениците, наставниците и родителите, со цел да се изнајдат решенија и спроведат координирани активности за превенција на девијантни појави кај малолетниците. Експертите на УНИЦЕФ споделија искуства од регионот и светот, нагласувајќи дека проблемите поврзани со децата можат да се надминат само преку обуки, едукација и…
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во својство на службено лице-директор на ЈКП ,,Брегалница‘‘-Делчево ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во периодот од декември 2023 до април 2024 година, не го испочитувал општиот Колективен договор за јавниот сектор и Законот за работни односи, при што на 76 вработени…
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 декември 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на…
СДС може да зборува за реформи и европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите, значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична легенда, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната матрица не се менува, прво направи хаос, па направи уште поголем хаос да го прикриеш првиот, обвини некој трет, изигравај жртва. Така, во периодот 2019-2021 година, или златната ера на тендерските шеми на Заев и Филипче, отпишани се 2000 тони јачмен и пченица во…
На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019),…
