Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Тешка сообраќајка кај Берово: „Опел“ се заби во ограда и се преврте, сопатничка заврши со тешки повреди
    • Ужас во Скопје: Маж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров, лекарите констатирале траги на насилство
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: ДУИ не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните

    ВРЕДИ: ДУИ не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните

    01.05.2026 во 12:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните. Наместо да даде одговор зошто проектот за интерконекција со Албанија беше блокиран повеќе од половина деценија, ДУИ избира да напаѓа и да манипулира, обидувајќи се да го сокрие сопствениот неуспех и интересите што стојат зад него, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

    „Раскинувањето на договор, кој не се реализирал, но повлекол многу пари од џебот на граѓаните е причина за паника во ДУИ. Тие биле корисници на испумпаните парит. 
    Време е да се престане со навиката политиката да се користи за лично богатење на десетина фамилии од врвот на ДУИ. Нека викаат, нека паничат, нека се нервираат. Времето во кое тие станаа буржоазија на грбот на Албанците, заврши.

    Јавноста има право да знае дека во овој проект како подизведувач, во време на ДУИ, се појавуваа лица исклучиво блиски до врвот на ДУИ, меѓу кои и Нефи од Охрид, лично поврзан со Али Ахмети и Бујар Османи.

    Нам ни е јасно дека преку фиктивни договори и нереализирани обврски се испумпувале пари на граѓаните кон фирми на ДУИ, кон фирми на блиски лица на Али Ахмети и Бујар Османи. Затоа е паниката голема.
    Ние не се согласуваме со нови анекси од над 8 милиони евра, пари на граѓаните, кои ќе завршат во џебовите на Али Ахмети и Бујар Османи.

    Фактите се јасни и непобитни. Компанијата која ДУИ денес ја брани, имаше реализација од едвај 4% во период од повеќе од 5 години. Наместо да гради, проектот беше целосно закочен, без активности на терен, додека паралелно се отвораа барања за дополнителни средства и анекси кои одеа до 50% од вредноста на договорот. Тоа не е реализација, тоа е систем на извлекување пари.

    ДУИ денес зборува за штета, но ја премолчува вистинската штета која се создаваше со години. Државата плаќаше камати за кредит уште од 2015 година, без проектот да се реализира, а според анализите на MEPSO, секоја година застој значи дополнителни милионски загуби. 

    Одлуката за раскинување на ваков договор не е донесена самоволно, туку по детална форензика и длабока анализа, и целосно во согласност со правилата на European Bank for Reconstruction and Development. Секој чекор и раскинувањето на договорот и новата постапка е направен со одобрение и под надзор на ЕБРД. Тоа е меѓународна институција која не дозволува политички импровизации, туку работи исклучиво врз основа на правила, процедури и факти.
    Пред раскинувањето, по барање на МЕПСО е направена е детална форензика на сите аспекти од договорот со насоки за постапување, како дел од проект на USAID.

    Обидот на ДУИ да ја претстави постапката пред DAB како конечна пресуда е груба манипулација. Станува збор за предарбитражен механизам, кој не претставува правосилна одлука и каде државата има целосно право да ги искористи сите правни средства. 
    Во меѓувреме, новиот тендер го добива конзорциум предводен од Dalekovod d.d., компанија од групацијата KONČAR Group, со искуство во десетици европски држави и работа со најстрогите стандарди. 
    ДУИ ја плаши тоа што конечно се гледа дека се гради. Проектот кој тие го држеа „мртов“ со години, денес се движи и ќе биде реализиран. 
    ДУИ не изгради ниту едно сериозно инфраструктурно или енергетско поврзување со Албанија или Косово. Сите проекти беа блокирани, одложувани и закочени.
    Затоа нивната денешна реакција не е загриженост за граѓаните, туку паника од тоа што се менува реалноста. ДУИ се дели и распаѓа, додека ВЛЕН се обединува и расте.
    ДУИ може да лаже и да инсинуира колку сака. Но вистината е една.

    Тие не градеа, тие испумпуваа пари за себе. ВЛЕН гради и ќе продолжи да гради“, велат од ВРЕДИ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.