- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
- Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
Author: Author 04
Автопатот Гостивар Букојчани го градиме интензивно. Веќе 17 километри се пробиени со кои се заобиколува популарната „Стража”, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски каде сподели и видео: ” Интензивни градежни активности на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридор 8, делница Скопје – Струга – Охрид Веќе 17 километри се пробиени со кои се заобиколува популарната „Стража“ Ја градиме Македонија! ” – објави вицепремиерот Николоски.
Општина Тетово информира дека на вонредна седница, одржана преку видео-конференциска врска, Советот донел одлука со која понеделник, 1 декември 2025 година, се прогласува за Ден на жалост на целата територија на општината. Одлуката е донесена поради смртта на истакнатиот пејач Шпат Касапи, кој почина на 26 ноември на 40-годишна возраст. Во одлуката на Советот на Општина Тетово се потенцира значајниот придонес на починатиот: „Шпат Касапи даде значаен придонес во развојот на културата и музиката во општина Тетово, во Република Северна Македонија и на албанската музичка сцена.“ За време на Денот на жалост, се препорачува јавните установи, правните лица и граѓаните…
Помина цел ден а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, велат од СДСМ. „Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење? Станува збор за парите на граѓаните, речиси 9 милиони евра. Нека не се надева власта дека молкот може да ги спаси, одговорност за криминалот ќе има. Тоа…
Следен и последен неработен ден е 8 декември(понеделник) – што е и последен продолжен викенд годинава.Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ За граѓаните припадници на бошњачката…
Вчера попладне, околу 14:30 часот, пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес добиле дојава за забележан леш во реката Вардар, во близина на селото Уланци. Екипата интервенирала со едно возило и двајца спасители, го извлекле телото и го предале на надлежните служби. Јавната обвинителка Цветанка Богоевска потврди дека се преземени првични истражни мерки, а наложена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.
Од денеска стартува системот „Сејф сити“ во рамки на проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Камерите автоматски ќе регистрираат сообраќајни прекршоци, а до Нова година ќе трае пробниот период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни. Од јануари санкциите ќе бидат целосно активни. Прекршоците што ќе се следат во почетната фаза се: пречекорување брзина, минување на црвено, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Сопствениците на возила ќе добиваат СМС и е-пошта со записник и платен налог. Во првите осум дена казната може да се плати на половина, а по истекот – целосно. Плаќањата ќе бидат можно и електронски. Камерите ќе бидат…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје информира за планирани прекини на електричната енергија кои денеска ќе погодат делови од општините Кисела Вода и Петровец. Во општина Кисела Вода, без напојување со електрична енергија од 8 до 12 часот ќе останат корисниците од улицата „Димитар Мирасчиев“. Исто така, прекин на струјата е најавен и за населбата Припор. Таму, од 9 до 12 часот ќе биде зафатен кракот 15 на улицата „Христо Татарчев“. Проблеми со снабдувањето ќе има и во општина Петровец. Корисниците од главната улица во село Дивље ќе бидат без електрична енергија во подолг интервал, односно од…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската појава на магла се очекува во претпладневните часови, пред сѐ по одделни котлини. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура изутринава се движеше во интервал од -4 до 4 степени, додека дневната максимална температура се очекува да достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во главниот град, Скопје, се предвидува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне, во одредени делови од котлината, ќе има појава на магла. Минималната температура во Скопје се спушти до -1 степен, а максималната дневна температура ќе достигне…
Во ОВР Кочани е пријавено дека во Кочани настанал пожар во куќа, сопственост на А.М.(50) од Кочани, информира СВР Штип. При гасењето на огнот, 43-годишната О.С. вдишала чад и се здобила со изгореница на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка вдишала чад, по што двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, велат од СВР Штип.
