Author: Author 04

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, денеска информираше за напредокот во повратот на Данокот на додадена вредност (ДДВ) и преку програмата „Мој ДДВ“. „Заклучно со вчера, на сметките на граѓаните се исплатени 552 милиони денари. Подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари“, посочи Петрова. Петрова појасни дека застој во исплатата може да настане поради технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е невалидна трансакциска сметка на граѓанинот.

Повеќе

Вчера во 00:05 часот во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци. Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал. Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил стакла и други делови од инвентарот. За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а по целосно документирање на случајот против Ј.А. ќе  биде…

Повеќе

Вчера од 17:40 до 19:00 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишија од слобода А.М.(38) и Б.М.(30), двајцата од Кавадарци и Ј.В.(32) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од Р.П.(30) од Кавадарци, дека му упатувале закани нему и на член на неговото семејство, појаснија од СВР – Велес. Тие биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што истакнаа од СВР – Велес, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Вчера во 15:20 часот, на улица „Даме Груев“ во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода З.П., на возраст од 60 години од село Тимјаник, неготинско. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал З.П. со патничко возило „застава југо“ со неготински регистарски ознаки, било констатирано дека З.П. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,59 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес. З.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што истакнаа, против него ќе биде поднесена пријава по…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно ги демантираше медиумските извештаи дека неговиот помал син, кој посетува настава во училиштето „Димо Хаџи Димов“ каде што пред неколку дена имаше труење, бил хоспитализиран и во тешка состојба. „Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека е хоспитализиран. Сакам да демантирам. Не беше. Беше во состојба во која беа и сите други дечиња… Морам да признаам дека тоа не е вистина,“ рече Мицкоски. Премиерот потврди дека неговиот син Антони бил жртва на труењето и три дена примал инфузија поради што не одел на училиште. Тој изрази надеж дека детето денеска е…

Повеќе

Вчера во 23:45 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.М.(65) од село Банско. Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во село Банско, во близина на неговата куќа, со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На малолетникот му е укажана помош во Општа болница Струмица, а воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М.. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство. И тоа на штета на земјоделците и на лозарите, рече на денешната прес-конференција, Александар Димитриевски од редовите на СДСМ. Според нашите инфорации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје, ама не за лозарите, туку за винариите, вели Димитриевски. Димитриевски нагласи дека оваа одлука се уште не е објавена во Службен весник. „Но внимавјате сега, одлуката не е за 2, не е за…

Повеќе

Судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи, продолжи со сведочење на раководителката на финансиското работење на Клиниката за онкологија. Обвинетите се товарат за незаконска набавка на лекови и присвојување на дел од терапијата. Сведокот ги потврди своите надлежности за финансиско и сметководствено работење во периодот 2018-2022, но откри: „Ингиренциите ми беа одземени од крајот на 2019 почетокот на 2020 година.“ Таа објасни дека по тринеделен ковид-карантин, открила дека нејзината клучна обврска – подготвување на налозите за плаќање спрема набавувачите – била пренесена на колешка без писмено решение. Сведокот…

Повеќе

Вчера во 08:10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.М.(47) од село Миравци. При преглед кај него била пронајдена марихуана. Истиот ден бил извршен и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и А.З.(46) од Струмица, сопственик и управител на правното лице, поради основи на сомневање дека во три наврати сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот закон. Пријавениот правен субјект како даночен обврзник, а А.З. во својство на управител на правниот субјект, во 2023 година избегнувајќи законска даночна обврска пријавиле помал излезен данок во вкупен износ од 1.986.083 денари, со што постапиле спротивно на одредбите од Законот за додадена вредност. Исто така, правното лице како даночен обврзник и управителот не пресметале и не…

Повеќе