- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
- Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
Author: Author 04
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, информираше за нови наоди од истрагата за стомачните тегоби кај учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“, нагласувајќи дека сè уште не може да се даде конечен заклучок поради повеќекратните извори на контаминација. На три чешми во училиштето (една во кујна, две во училница) пронајдени се Ентеробактериаце (грам-негативни бактерии), кои укажуваат на нехигиена.Во носот на една вработена во кујната најден е Стафулококус ауреус, кој исто така може да предизвика ваква симптоматологија. Кај едно од децата кои се на лекување на Детската клиника докажан е норовирус во фецес, вирус кој лесно се пренесува…
Изјавите на Гордана Јанкуловска и обидите да се претстави себеси како дел од „судените во Нирнбершките процеси“ се единствено и само потсвесни, од аспект на тоа што тие процеси биле насочени против нацистите и злосторниците од тогашната нацистичка Германија. Ништо повеќе, се вели во реакцијата од СДСМ. „Ситуацијата со апликацијата на Јанкуловска пред Европскиот суд за човекови права е правен механизам што секој граѓанин има право да го искористи. Станува збор за формално дозволување на една апликација – чекор кој претставува само утврдување дека се исполнети процесните услови за Судот евентуално да пристапи кон суштинска анализа. Ништо повеќе. Судот во…
Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ). Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето. -Бројот на земени примероци…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н. М. (20) од село Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.11.2025 година во Тетово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот му нанел убодна рана на А.К.(20) од Тетово.
Вчера на локалниот пат меѓу селата Кучково и Волково се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С. (61) од село Никиштани, и патничко возило „сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (71) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., а повредите му биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и содржајна средба со амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта, Н. Е. Франческо Саверио Џусти. На средбата градоначалникот ја претстави својата програма и определбата динамично да работи на нејзината реализација, со цел Скопје да се развива како достоинствен, уреден и урбан град. Разговорите поминаа во позитивна и конструктивна атмосфера. Двајцата соговорници разменија идеи за проширување на соработката во повеќе области, како и за продлабочување на традиционално добрите односи со Суверениот воен ред на Малта. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази увереност дека ваквиот отворен и пријателски дијалог ќе овозможи нови перспективи и заеднички успеси во периодот…
Освен за возачите, казни има и за пешаците кои минуваат каде ќе стигнат, а не на обележан пешачки премин, но и не ги почитуваат семафорите. Тука се и санкциите за оние кои минуваат со телефон на уво или слушалки. Во периодот од (24/27.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. – Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 811 прекршоци за непрописно паркирање, 265 мерки…
Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање изјави дека Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите на регулираниот пазар. „Регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. ЕВН Хоме е снабдувачот која што има јавна набавка за цела година за следната 2026 година, а ЕСМ согласно политиките на владата ги достави вкупните количини кои што се бараат согласно јавната набавка. Иако претходно како Влада бевме критикувани и во самиот извештај од ЕУ и од дел од јавноста, дека еден од чекорите кои што е дел од…
Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање и заедничкa стратешка цел за членство во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи, беше заклучокот на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во Цетиње. Претседателите разговараа за европската перспектива на Западниот Балкан, предизвиците со коишто се соочува секоја од земјите на интегративниот пат, како и за можностите за нивно надминување. Посочувајќи дека Црна Гора е земја-предводник во преговарачкиот процес со ЕУ, Милатовиќ изрази силна поддршка за секој направен исчекор во македонските интеграции. Денешното заедничко учество на Балканскиот форум за интеграција 2025, за него е препознавање на европскиот интерес…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави сезонскиот изглед за претстојната зима (декември 2025 – февруари 2026), кој предвидува дека зимата ќе биде со малку над просечната температура на воздух и со количини на врнежи во рамките на многугодишниот просек. Температура: Се очекуваат надпросечни вредности на целата територија, со најголемо отстапување во северниот дел. Фази: Зимата ќе биде динамична, со значителни месечни промени: Прогнозата е подготвена врз основа на динамички модели и прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето.
