Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Разболичена е уште една лага за лажниот патриотизам на Мицкоски

    Филипче: Разболичена е уште една лага за лажниот патриотизам на Мицкоски

    24.04.2026 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лагите и лажниот патриотизам на Мицкоски сè повеќе се разобличуваат и секој ден сè повеќе излегуваат на виделина, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче на прес-конференцијата упати прашање до власта, зошто отпосле ќе бараат мислење од правни експерти за двојните државјанства.

    „Премиерот ќе барал мислење од правни експерти. Зошто не побарале претходно? Зошто не побарале мислење од правни експерти пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат тој закон во Собранието?“, рече Филипче.


    Тој посочи дека со ретерирањето на Мицкоски во однос на уставноста на законот за двојни државјанства поднесен од неговата партија, се разобличува уште една лага на ВМРО.


    „Вистината е дека ги пресретнавме, и разобличивме. Уште една нивна лага, уште еден нивен лажен патриотизам. Кога дадовме амандмани и најавивме дека тој предлог-закон ќе важи и за актуелниот пратенички состав, а не како што тие сакаа за од следните пратенички состави, и кога го поднесовме и нашиот предлог-закон да членови на влада немаат двојни државјанства, затоа што секогаш е големо прашање за чии интереси и чии интереси штитат работат пратениците коишто имаат двојни државјанства, тие постепено ретерираат“, рече Филипче.


    Тој додаде дека лажниот патриотизам на Мицкоски и неговиот  коалционен партнер ЗНАМ излегува на виделина секојдневно во овие скоро две две години од нивното владеење, а суштината е дека се всушност една организирана криминална група.


    „Толку од лажните патриоти. Толку од лажниот патриот Мицкоски, којшто ќе го враќаше името, ќе го поништуваше Преспанскиот договор, ќе го поништуваше договорот за добрососедство со Бугарија. Што е суштината на нивното владеење? Тие се една организирана криминална група, заедно со нивниот привезок ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ којшто ги предадоа националните интереси и довербата на гласачите. Од такви предавници не може да се очекува да водат држава како што треба, а најмалку што може да се очекува да се патриоти. Лажниот патриотизам повеќе не функционира. Станува збор за предавници на националните интереси, на интересите на земјата и на интересите на граѓаните“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.