Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху има рак на простатата

    24.04.2026 во 17:25

    Стаменкоска Трајкоска: Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени

    24.04.2026 во 17:18

    Сиљановска Давкова: Ограничувањето на двојното државјанство да важи за сите високи функционери, не само за пратениците

    24.04.2026 во 17:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху има рак на простатата
    • Стаменкоска Трајкоска: Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени
    • Сиљановска Давкова: Ограничувањето на двојното државјанство да важи за сите високи функционери, не само за пратениците
    • Алиу по апсењата на докторите: Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки
    • ФОТО: 100-процентен воен инвалид повеќе од 15 години чека одговор каде да живее
    • ФОТО: МВР со детали за криминалната група – Доктори аплицирале фалсификувани филери и ботокс, приведни 14 лица
    • Голема акција на МВР и Обвинителството: Разбиена криминална група – меѓу приведените доктори и цариник, предложен притвор за 12 лица
    • Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Црна Гора ги здружуваат силите во здравството: Алиу и Шимун разговараа за ЕУ стандарди и регионална соработка

    Македонија и Црна Гора ги здружуваат силите во здравството: Алиу и Шимун разговараа за ЕУ стандарди и регионална соработка

    24.04.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Министерството за здравство оствари официјална средба со делегација од Министерството за здравство на Црна Гора, предводена од министерот за здравје, Војислав Шимун. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на европските интегративни процеси.

    -Нашата држава има воспоставено традиционално добра и пријателска соработка со Црна Гора. На средбата со министерот за здравје на Црна Гора изразивме подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка во сегментот на здравствените системи. Имавме содржајна и конструктивна размена на искуства поврзани со процесот на усогласување на националното законодавство со правото на Европската унија, како и со динамиката и методологијата на пристапните преговори. Посебно внимание посветивме на поглавјето 28 кое се однесува на јавното здравје, како еден од клучните сегменти во процесот на усогласување со европските стандарди, истакна министерот Алиу.

    На билатералната средба беше истакнато заедничкото учество во Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, каде особено е значајна улогата на регионалниот центар за незаразни болести во Подгорица, како и регионалниот центар за јавноздравствени системи во Скопје.

    -Заедно со министерот за здравје на Црна Гора ги разгледавме можностите за натамошна размена на експерти и медицински кадар, соработка во делот на справување со незаразни болести, како и во насока на зајакнување на јавното здравство, дигитализација и размена на добри практики во здравството преку можностите за заеднички апликации во рамки на регионални и ЕУ програми, додаде Алиу.

    На средбата беше нагласена важноста од континуирана институционална соработка, со цел обезбедување  одржливи и ефикасни реформи во здравствениот сектор, во насока на унапредување на квалитетот на здравствената заштита и зајакнување на јавното здравје, во согласност со принципите и вредностите на Европската унија.

    Министерот за здравје на Црна Гора, Војислав Шимун, на средбата го сподели црногорското искуство во пристапниот процес кон Европската унија, со посебен осврт на поглавјето 28, кое се однесува на јавното здравје и чиј процес, како што посочи, е значително интензивиран и се наоѓа во завршна фаза на затворање. Тој информираше и за учеството на Црна Гора во програмата EU4Health, при што ги презентираше проектите за кои земјата добила поддршка, изразувајќи подготвеност овие искуства да ги сподели, особено во делот на дигитализацијата на здравствениот систем и користење на европските механизми за поддршка на реформите во здравството.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.