Close Menu
Press24
    Најново

    Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден

    27.11.2026 во 17:52

    Пет лица земале плата без да одат на работа, „Водостопанство“ оштетено за над милион денари

    27.11.2026 во 16:49

    ОЈО: Предложен притвор за осомничениот за убиството кај Смилковското Езеро

    27.11.2026 во 16:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден
    • Пет лица земале плата без да одат на работа, „Водостопанство“ оштетено за над милион денари
    • ОЈО: Предложен притвор за осомничениот за убиството кај Смилковското Езеро
    • Јаневска: Исполнети се сите цели од Реформската агенда, Македонија добива 19,2 милиони евра
    • Државата почна со решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка, добитокот ќе оди во Идризово и Прилеп
    • Кичевец истакнувал знамиња на странска држава без дозвола, против него поведена постапка
    • Осум лица хоспитализирани по пожар во стан во Охрид
    • Викенд хороскоп: Петок носи разговори, сабота љубов, а недела големи промени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден

    Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден

    27.11.2026 во 17:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грабеж во златарница на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово бил пријавен денеска во 12:32 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово. Според пријавата, неколку лица влегле во објектот и одзеле злато. Од СВР Куманово информираат дека полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

    Грабежот го осуди и претседателот на Регионалната занаетчиска комора Куманово и на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији, кој кажа дека златарницата работи веќе три децении. Тој напиша дека секој што наутро го отвора својот дуќан има право да се чувствува безбедно на своето работно место.

    – Среде бел ден, во срцето на нашиот град, Куманово беше ограбена златарницата на мајсторот Абдулрахим, чие семејство веќе 30 години со посветеност се занимава со златарскиот занает. Срамно е едно семејство што со чесна работа го изградило своето име да се соочи со ваков тежок удар, токму во време кога занаетчиите се борат за секоја нарачка и за секој клиент, наведува претседателот.

    Тој побара од полицијата и обвинителството веднаш да постапат, целосно да го расветлат случајот и да ги пронајдат сторителите, како и да се утврди нивната одговорност. Побара и конкретни мерки за зголемување на безбедноста и поддршка на занаетчиите, стопанствениците и нивните вработени, особено во централното градско подрачје и трговските зони.

    – Секој што наутро го отвора својот дуќан има право да се чувствува безбедно на своето работно место, порача претседателот на комората, изразувајќи солидарност со семејството на ограбениот златар. 

    МИА

    Прочитај повеќе

    Пет лица земале плата без да одат на работа, „Водостопанство“ оштетено за над милион денари

    27.11.2026 во 16:49

    ОЈО: Предложен притвор за осомничениот за убиството кај Смилковското Езеро

    27.11.2026 во 16:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.