Close Menu
Press24
    Најново

    Левица: Укинувањето на Колективниот договор ги загрозува правата на над 2.000 културни работници

    27.11.2026 во 19:57

    Укинат Колективниот договор за културата, оставен рок од пет месеци за постигнување нов договор

    27.11.2026 во 19:27

    Сиљановска-Давкова се сретна со косовската претседателка: Фокус на образованието и науката

    27.11.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица: Укинувањето на Колективниот договор ги загрозува правата на над 2.000 културни работници
    • Укинат Колективниот договор за културата, оставен рок од пет месеци за постигнување нов договор
    • Сиљановска-Давкова се сретна со косовската претседателка: Фокус на образованието и науката
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Чупиќ: Македонија и Србија ќе ја продлабочуваат соработката
    • Марта Кос: Албанија да се подготви за влез во ЕУ во 2030
    • Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден
    • Пет лица земале плата без да одат на работа, „Водостопанство“ оштетено за над милион денари
    • ОЈО: Предложен притвор за осомничениот за убиството кај Смилковското Езеро
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Укинувањето на Колективниот договор ги загрозува правата на над 2.000 културни работници

    Левица: Укинувањето на Колективниот договор ги загрозува правата на над 2.000 културни работници

    27.11.2026 во 19:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Укинувањето на Колективниот договор за културните работници од страна на Уставниот суд предизвика реакции од политичката партија Левица, која оценува дека со оваа одлука се загрозуваат работничките права на над 2.000 вработени во 123 културни институции.

    Од партијата посочуваат дека Колективниот договор гарантирал утврден начин на пресметување на платите, коефициенти според сложеноста на работните места, додатоци на плата, платени отсуства за стручно усовршување и други права од работниот однос.

    „Денес Уставниот суд постави опасен преседан и ги погази работничките права на над 2.000 културни работници во Македонија“, се наведува во соопштението на Левица.

    Од партијата потсетуваат дека спорот меѓу културните работници и Министерството за култура траел повеќе од една година, поради несогласувањата околу начинот на пресметување на платите. Според нив, Министерството вовело поинаков модел на пресметка, спротивен на барањата на Синдикатот, по што вработените поднеле околу 800 тужби за остварување на своите права.

    Левица во соопштението го отвора и прашањето за именувањето на поранешниот министер за култура Љутков за национален координатор за култура, само седум дена по неговото разрешување. Од партијата наведуваат дека за новата функција му била утврдена нето-месечна плата од околу 106.000 денари.

    Партијата реагира и на постапката пред Уставниот суд, посочувајќи дека Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) побарал јавна расправа и можност неговите претставници да ги изложат аргументите, но и покрај двете писмени барања, не добил покана ниту одговор.

    Во соопштението се поставува и прашањето кој ќе гарантира дека по укинувањето на Колективниот договор нема да следуваат нови промени во пресметката на платите и дополнителни повреди на работничките права. Левица бара одговорност и појаснување од Владата, актуелниот министер за култура Сулејмани и поранешниот министер Љутков за тоа какви последици ќе има одлуката врз вработените во културните институции.

    Од партијата оценуваат дека денешниот протест на културните работници, на кој симболично бил одржан погреб, ја изразува загубата на довербата во институциите и правната сигурност.

    „ДПМНЕ можеби успева да ги урива работничките права преку институциите, но не може да ја укине солидарноста и организираната борба на работниците!“, порачуваат од Левица.

    Прочитај повеќе

    Јаневска: Исполнети се сите цели од Реформската агенда, Македонија добива 19,2 милиони евра

    27.11.2026 во 16:18

    Ќе има нови одземања на дозволи за финансиски друштва: Министерката најави дополнителни санкции

    27.11.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.