Close Menu
Press24
    Најново

    Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027

    27.11.2026 во 20:23

    Густа магла на патот Тетово – село Лисец

    27.11.2026 во 20:07

    Левица: Укинувањето на Колективниот договор ги загрозува правата на над 2.000 културни работници

    27.11.2026 во 19:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027
    • Густа магла на патот Тетово – село Лисец
    • Левица: Укинувањето на Колективниот договор ги загрозува правата на над 2.000 културни работници
    • Укинат Колективниот договор за културата, оставен рок од пет месеци за постигнување нов договор
    • Сиљановска-Давкова се сретна со косовската претседателка: Фокус на образованието и науката
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Чупиќ: Македонија и Србија ќе ја продлабочуваат соработката
    • Марта Кос: Албанија да се подготви за влез во ЕУ во 2030
    • Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027

    Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027

    27.11.2026 во 20:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја продолжи амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, на која беа разгледани 19 амандмани поднесени од опозицијата кои се однесуваа на обезбедување дополнителни средства за инфраструктурни проекти, за развој на земјоделството и спроведување активности за младите.

    Од сите разгледани амандмани беше прифатен само еден амандман поднесен од „Европски фронт“, кој се однесуваше на обезбедување средства во износ од 1.720.000 денари за поддршка на младите категории граѓани. За предложениот буџет поднесени се 400 амандмани од овластени предлагачи.

    Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека амандманот е прифатлив, но во видоизменета форма.

    – Амандманот се однесува за поддршка на младите категории граѓани, истиот се прифаќа видоизменет наместо намалување на раздел 04001 Влада на Република Македонија, програма 1, потпрограма 10, администрација, категорија 42, стоки и услуги, расходна ставка 425, договорни услуги да се изврши намалување на раздел 09002 Министерство за финансии, функција на државата, потпрограма 20, функции и расходна ставка 426, други тековни расходи – нагласи заменик-министерот Јанкуловски.

    Другите поднесени амандмани од „Европски фронт“ се однесуваа за обезбедување дополнителни финансиски средства за реализација на втората фаза од системот за наводнување во Дебар, за рурален развој, за реконструкција и санација на градинката „Резија“ во липковско Оризари и за изградба на детски градинки низ државата.

    Разгледаните амандмани од СДСМ и коалицијата се однесуваа на обезбедување дополнителни средства за изградба на агро-берза за грозје и земјоделски производи во Кавадарци, спроведување постапка за јавна набавка и изработка на првата фаза од физибилити-студијата за хидросистемот на Киселичка Река во Крива Паланка. Со нив се бараше и зголемување на средствата за финансиска поддршка на земјоделските и сточарските производители во 2026 година, продолжување на подмерката за ревизија, ажурирање и дополнување на постојната физибилити-студија за ски-центарот „Царев Врв“, доделување два милиони денари за Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи, како и дополнителни 40 милиони денари согласно членот 18, ставовите 1, 2 и 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, наменети за финансирање на националните инвалидски организации, нивните здруженија, асоцијацијата на здруженија на граѓани за борба против насилството врз жените и семејното насилство и Црвениот крст на Република Македонија, врз основа на програма изготвена и поднесена од Министерството за социјална политика, демографија и млади, а усвоена од Владата.

    Дополнителните барања се однесуваа и на изградба на современ младински центар во Прилеп, спроведување младински политики и активности во рамки на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и обезбедување 30 милиони денари за спроведување активности од Националната развојна стратегија 2024 – 2044, поврзани со предизвиците во областа на демографијата и социјалниот развој во државата.

    Поднесените амандмани од Левица се однесуваа за рехабилитација, модернизација и проширување на постоечките системи за наводнување, како и за изградба на нови системи за наводнување, за изградба на дестилерија во Кавадарци, за развој на рурална економија и зголемување на капацитети за преработка, складирање и за складирање на земјоделски производи.

    Седницата на Комисијата за финансирање и буџет со разгледување на предлог-буџетот за 2027 година продолжува утре во 11 часот.

    Прочитај повеќе

    Левица: Укинувањето на Колективниот договор ги загрозува правата на над 2.000 културни работници

    27.11.2026 во 19:57

    Јаневска: Исполнети се сите цели од Реформската агенда, Македонија добива 19,2 милиони евра

    27.11.2026 во 16:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.