Author: Author 04

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д.(50) и Ј.С.(44), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик. На 19.10.2025, за време на локалните избори, двајцата се затекнати како со пари и список со лични податоци и адреси на живеење на лица со право на глас од Охрид, се движеле од куќа во куќа и на евидентирани лица со избирачко право, им нуделе и делеле парични средства со намера да придобијат односно да го извршат избирачкото право во корист на кандидатот за градоначалник на една политичка…

Повеќе

Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава. Иако пченицата постоела и била употреблива, Димковски и уште 4 лица направиле записник во кој напишале дека има помалку 2000 тони јачмен и пченица, а овој записник, Заев, Филипче и Николовски, без никакви проверки го заклучиле на владина седница, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. -Со оваа постапка, се поставува прашањето дали Заев, Филипче и Николовски биле свесни за криминалот што се случувал во Агенцијата за стокови резерви? Дали Димковски за овој…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, во обраќање по повод Денот на даночните работници, истакна дека силна економија и одржливи јавни финансии се невозможни без ефикасна и чесна даночна администрација. Тој ги презентираше постигнатите резултати, кои, според него, ја потврдуваат стабилноста на економијата.„Од јануари до крајот на октомври годинава, нето наплатата на даноците и социјалните придонеси достигна 3 милијарди и 600 милиони евра. Тоа е за 260 милиони евра повеќе од минатата година. Во првите десет месеци имаме: раст на даночната нето наплата од над 6%, раст на социјалните придонеси од речиси 15%“, посочи Мицкоски. „Ова значи дека економијата расте. Активноста се зголемува. Компаниите работат. Платите растат.…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба…

Повеќе

Властите во Хонг Конг соопштија дека билансот на жртви од разорниот пожар во станбениот комплекс Ванг Фук Корт се искачи на најмалку 94 лица. Повеќе од 24 часа откако избувна, пожарот во комплексот со речиси 2.000 станови е речиси целосно изгаснат. Спасувачките екипи продолжуваат со интензивно пребарување низ изгорените високи згради, бидејќи десетици лица сè уште се водат како исчезнати. Најмалку 76 лица се здобиле со повреди, меѓу кои и 11 пожарникари. Властите потврдија дека ова е најсмртоносниот пожар во финансискиот центар во последните речиси 80 години. Истрагата за причините е веќе започната.

Повеќе

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку соопштение денеска ги демантира изнесените наводи објавени во неколку интернет портали дека учениците сместени во средношколскиот интернат „Здравко Цветковски” во Скопје се хранат со оброци во кои има бубашваби. Од АХВ посочуваат дека и при последената инспекциски контрола спроведена на 19 ноември 2025 година врз основа на поднесена иницијатива од граѓанин за спроведување на вонреден инспекциски надзор, не биле констатирани недоследности, односно, во кујната на интернатот хигиенско-санитарната состојба била добра и не биле затекнати инсекти во објектот како што било наведено во иницијативата. -Со надзорот спроведен овој месец, утврдено е и дека вработените…

Повеќе

Во периодот од (24/27.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 15 лица, од кои 13 за возење под дејство на алкохол, а две лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 811 прекршоци за непрописно паркирање, 265…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави во земјата. Според мапата на УХМР, најризични се регионите во западниот и источниот дел, каде постои можност за излевање на реките и водотеците. Хидрометеоролозите предупредуваат дека интензивните врнежи во следните денови можат значително да ја зголемат опасноста од локални поплави, особено во низинските области.

Повеќе

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало. Конструкцијата, со димензии 15 x 5,7 метри, беше изградена без одобрение за градење и го узурпираше заедничкиот простор предвиден за граѓаните. „Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување”, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Градежниот инспектор издаде решение со кое на инвеститорот…

Повеќе

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба. Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница и кујна. Двата примероци биле подложени на физичко-хемиска анализа, а останатите два на микробиолошка анализа. Според добиените резултати, сите примероци во целост одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр.183/18). Од јавното претпријатие информираат дека со…

Повеќе