Author: Author 04

Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица, соопшти ЦУК. „Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово. Во моментот се превземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свечишта. На територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на…

Повеќе

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“…

Повеќе

Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои се очекува да бидат пообилни во источните делови на земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег, додека на повисоките места се очекува мешан дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде облачно со дожд, додека во повисоките делови на котлината ќе има мешавина од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Повеќе

Слабите резултати поврзани со читање со разбирање и математичка писменост кои гипокажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се причина за крупните промени кои ги започнавме пред година и половина и ќе истраеме додека значително не го подобриме образовниот систем. Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, но и на воведување на едносменска настава и продолжен престој, затоа што нашите деца до 15 годишна возраст поминуваат 900 часови помалку на училиште во споредба со нивните врсници во Европа. За одделенските наставници од следната година ќе има задолжителна обука за читање со разбирање.Ова…

Повеќе

СВР Скопје вчера евидентира два одвоени инцидента на насилство во семејства што се наоѓаат во бракоразводна постапка.Вчера во 11:40 часот е приведен М.К. (31) од Скопје, откако неговата 30-годишна сопруга пријавила дека тој ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот, против приведениот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 13:50 часот, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К. (43), со кого исто така се во бракоразводна постапка.

Повеќе

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, З.В.(47) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од негова соученичка, стои во денешниот полициски билтен.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува засилени и вонредни инспекциски надзори кај трговците низ целата држава поради најавените „Black Friday“ продажни акции. Како што информираат од Инспекторатот, контролите ќе бидат насочени кон спречување на нечесни трговски практики и обезбедување целосно почитување на законските обврски при нудењето попусти. Од таму исто така апелираат трговците да обезбедат фер и транспарентни услови за купувачите и строго да се придржуваат до правилата за означување на цени и попусти. Инспекторатот најавува дека секоја неправилност, обид за доведување во заблуда или измамничко однесување кон потрошувачите ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Воедно, граѓаните се охрабруваат да…

Повеќе

ЕВН хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас. Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија,…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници, најавувајќи редовна меѓуопштинска координација (еднаш на 40 дена). Тој изјави дека и покрај наследената лоша финансиска состојба и нефункционалноста на јавните претпријатија, состојбите се стабилизираат. Следната недела ќе биде распишана тендерска постапка. Ѓорѓиевски вети дека Скопје ќе има функционален Луна парк до јуни 2027 година. Процесот за воведување на БРТ системот е одблокиран по средбите со Владата и премиерот Мицкоски. Се очекува постапката за реализација да започне следната година. По интензивни средби во Брисел, не постои повеќе опасност Скопје да го изгуби овој статус.…

Повеќе

Во рамки на работната посета на Литванија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го посети литванскиот Парламент – Сејмас, каде оствари одвоени средби со пратеници, членови на Комисиите за надворешни работи и европски прашања, како и со Групата за меѓупарламентарна соработка со земјите од Западен Балкан. На средбите, министерот Муцунски ја нагласи важноста на парламентарната соработка и улогата на народните претставници во продлабочувањето на односите меѓу двете држави. Тој истакна дека парламентарната дипломатија претставува значајно дополнување на класичната дипломатија, особено во промовирањето на дијалог и градењето стабилни партнерства. Фокусот на дискусиите беше ставен и на можностите…

Повеќе