Author: Author 04

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и во однос на преземените чекори кон евроинтеграциите, ги потенцираше специфичните условувања кон Македонија, билатерализацијата на патот кон членство во Унијата, се наврати на однесувањето на минатите влади и неколкупати прифатените условувања вон Копенхашките критериуми, но и посочи на конкретни преземени мерки во овој период наведени во извештајот на ЕК. Притоа напомена дека ваквиот однос и оценување од страна на ЕК во извештајот не треба да биде причина за евроскептицизам, ниту пак да биде модел за исполнување на сè што е ставено…

Повеќе

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната опасност од негово понатамошно ширење, по иницијатива на Општина Центар беше одржан итен координативен состанок на кој учествуваа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на ЦУК, ДЗС, ДИГУ-Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, МВР, ИЗИИС, Град Скопје, Градежен факултет и Министерство за транспорт и врски. На состанокот беа донесени јасни заклучоци кои веднаш ќе бидат доставени до Владата, со барање за итно преземање мерки за обезбедување технички и правни услови за санација на свлечиштето и регулирање на атмосферските води.…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на Балканскиот форум за интеграција 2025 којшто ќе се одржи во Подгорица во организација на Европското движење во Црна Гора и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на сесијата насловена „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“ и ќе оствари билатерална средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Во фокусот на Балканскиот форум за интеграција се геополитичките предизвици во светот, ЕУ и регионот на Западен Балкан, како и клучните области во евроинтегративниот процес: основните човекови слободи и…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00…

Повеќе

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на денешното однесување на министерот за правда кој призна дека власта нема поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски и побара писмен одговор зошто. „Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтровството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека министерот потврди дека нема Министерството за правда поднесено барање за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, барам овој одговор којшто го дадете тука пред македонската јавност, овој мизерен одговор од мизерниот министер да го поднеси писмено. Имам…

Повеќе

Вчера околу 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Славка Динкова“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Б.П., удрило во пешакот А.Д.(59), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата.  Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

На денешната седница на Собранието посветено на пратенички прашања, Претседателот на Владата одговараше на прашање посветено на темата за платите на вработените во правосудството, како дел од реформите во оваа област. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се осврна на предлозите за измени на законот според кои треба средствата за правосудството да се покачат на 0,8% од БДП за судовите и 0,5% за обвинителите или тоа е отприлика 1,5% од БДП. „Следната година ќе имаме 20,5 – 20,6 милијарди долари БДП, тоа значи дека отприлика 260-270 милиони долари ќе треба да се обезбедуваат пари за судовите и за обвинителствата, или 3-4…

Повеќе

Вчера во 11:40 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека од страна на В.„Н“ била измамена за сума од 200.000 денари. Имено, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но откако ги земал парите не и одговарал на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Т.И.(50) од с.Матка, скопско. Според пријавеното, Т.И. околу 11:00 часот во с.Горно Нерези, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска во Собранието ги демантираше тврдењата на пратеничката Јованка Тренчевска (СДСМ) дека Фондот за ПИОМ е пред колапс и дека нема пари за декемвриската пензија. „Немој да сеете страв дека Пензискиот фонд бил пред колапс, дека немало да има пензии на 1 декември. Сето тоа се лаги и ќе биде демантирано за само неколку дена од денеска. Ќе бидат исплатени тие пензии, и во 2026 и во 2027 и понатаму и ќе има покачувања согласно законските прописи. Граѓаните нека бидат мирни“, потенцираше Велковски. Велковски ја критикуваше СДСМ, нагласувајќи дека: Заменик-министерот, исто…

Повеќе