Author: Author 04

Вчера во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата, соопштија од полицијата.  Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вилнус оствари средба со својот домаќин, литванскиот министер за надворешни работи Кештутис Будрис. Во фокусот на разговорите беше потребата од заеднички и засилен ангажман за забрзување на процесот на европските интеграции, особено во светло на претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ. Министрите изразија задоволство што посетата се случува во годината кога двете држави одбележуваат 30 години дипломатски односи. Муцунски ја искористи средбата да изрази благодарност за: На средбата беа разгледани и актуелните безбедносни прашања, вклучително состојбата во Украина и партнерството во НАТО.

Повеќе

Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање. Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Децата активно учествуваа, поставувајќи бројни прашања поврзани со урбанизмот, комуналните услуги и плановите на општината. Особено ми е драго кога најмладите покажуваат интерес за тоа како функционира нашата општина. Нивната љубопитност и желба за знаење се доказ дека градиме одговорни и свесни идни генерации.…

Повеќе

На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ј.Ќ.(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана. На 26.11.2025 во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања…

Повеќе

Вчера во 22:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(36) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом и други простории во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Авганистанскиот државјанин Рахманула Лаханвал (29), обвинет за пукање во двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа, соработувал со повеќе владини агенции на САД, вклучително и со ЦИА, за време на неговата служба во Авганистан, објавува „Фокс њуз“. Лаханвал влегол во Соединетите Држави веднаш по повлекувањето од Авганистан во 2021 година. Според разузнавачки извори, тој соработувал со американските структури во Кандахар, што било основа за неговото пристигнување во САД. Поранешниот директор на ЦИА, Џон Ратклиф, ја критикуваше одлуката да му се дозволи на Лаханвал да влезе во земјата, наведувајќи дека „на таквите лица никогаш не требало да им…

Повеќе

Мистериозни земјотреси, повеќе од 25.000 од нив, го потресоа грчкиот остров Санторини и неговата околина на почетокот на годината. Меѓународен тим научници конечно откри зошто се случило ова во нова студија, објавена од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL). Помеѓу јануари и почетокот на март, тимот анализирал повеќе од 25.000 земјотреси што се случиле помеѓу Санторини и Аморгос. Стотици од нив биле посилни од 4,5, а сеизмичките немири доведоа до воведување вонредна состојба, затворање на училиштата и паника кај жителите и туристите. Првично не беше јасно дали земјотресите се поврзани со вулканска активност под Санторини или блискиот подводен вулкан Колумбо, или…

Повеќе

Сериозен инцидент се случил во училиште во Клуј-Напока, Романија, кога деветгодишен ученик станал екстремно вознемирен и агресивен откако помислил дека некое момче го згазило. Момчето било тешко за контрола, а меѓу повредените се наставник, заменик-директорот на училиштето и мајката на момчето. Детето е однесено во медицинска установа за проценка, а полицијата започнала истрага. На 25 ноември оваа година, полицијата на општина Клуј-Напока била известена од наставниот кадар на образовна институција во општината за инцидент меѓу двајца ученици, за време на одмор, во училишниот двор. Врз основа на првичните проверки, било утврдено дека се случило недоразбирање меѓу двајцата малолетници, двајцата деветгодишни,…

Повеќе

Бројот на жртви од пожарот во Хонг Конг се искачи на 55, а околу 280 се водат како исчезнати, соопштија официјални лица. Според најновите информации, 68 лица се во болница, од кои 16 се во критична состојба, а 25 се сметаат за сериозни случаи, објави SCMP. Пожарите во четири од седумте блока во Ванг Фук Корт се под контрола, додека преостанатите три сè уште горат на горните катови од зградите со 31 кат. Главниот извршен директор Џон Ли Ка-чиу нареди инспекции на сите станбени објекти во Хонг Конг кои се реновираат. Прелиминарната истрага откри дека лесно запалив полистирен ги покривал…

Повеќе

Денес за време на долгиот распуст се случил инцидент пред основното училиште „Вук Караџиќ“ во Нови Пазар, кога, според таткото на повреденото момче, неговиот син се обидел да ги раздели децата во тепачка, а родителот на друг ученик истрчал кон влезот на училиштето и физички нападнал неколку ученици. Родителите, според соговорникот, се во шок поради инцидентот и бараат итна реакција од надлежните органи. Родителот раскажал за сето погоре наведено за Порталот А1. Според неговото објаснување, конфликтот започнал кога еден ученик удрил друг, по што децата се турнале едни со други пред влезот на училиштето. Тој вели дека неговиот син се…

Повеќе