- Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот
- (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
- Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
- ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
- Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
- Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
- Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
- Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
Author: Author 04
Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Турција, ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани. Во рамки на посетата, министерот се сретна со д-р Али Емре Акгун и д-р Мерве Акин, кои го запознаа со целиот тек на лекувањето, од приемот до завршување на нивното лекување. – -Со Република Турција имаме воспоставено одлична соработка во сферата на здравството и токму тие беа меѓу првите кои ни понудија помош за хоспитализирање на повредените лица од пожарот во Кочани. Токму овде во градската болница Анкара Билкент беа…
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, по предупредувањето за буџетската дупка од над една милијарда евра во Фондот за ПИОМ и целосната исцрпеност на буџетската ставка за трансфери, укажа дека со мерката на владата за зголемување на пензиите, 12.000 пензионери се исклучени од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во своето обраќање, Тренчевска побара одговор од заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, како дали ќе се почитува одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација и кога ќе бидат доставени до Собранието измените…
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања, укажа дека се уште до Собранието не се доставени измените на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со кои треба да се зголеми износот на надоместокот за правото на попреченост и посебниот додаток за децата со попреченост, и покрај тоа што амандманот за зголемување на надоместокот беше прифатен со ребалансот на Буџетот во јули 2025 година. Тренчевска упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, кога ќе се донесат измените и дали ќе има зголемување во 2026 година на сите права од детска…
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите. Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Како што кажа Тренчевска, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушна, ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно пари на таа сметка…
Трајан Димковски, поранешен министер и заменик министер за земјоделие од редовите на СДС, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, во периодот од 2019-2021 година заедно со други 4 службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра, изјави за медиумите Викторија Андоновска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Пченицата е отпишана, иако постоела и била употреблива, рече Андоновска.„Димковски поднел записник до Владата дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а Филипче, Заев и Николовски без никакви проверки го донеле…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И.(47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата. По преземени мерки, тој е пронајден и приведен во полициска станица.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.М.(23) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Тој, на 19.11.2025 забележал жена од Дебар како од банкомат во Дебар подигнала пари, по што насилно и ги одзел парите и избегал. Набрзо, тој е пронајден и приведен во полициска станица.
Вчера во 10:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во селото Белчишта, општина Дебрца, Г.С.(51) од истото село, спречил претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, да извршат вонреден надзор во неговиот продажен објект, по што од инспекторите од агенцијата е побарана полициска асистенција. По преземени мерки и извршени службени разговори со сопственикот, истиот им овозможил на инспекторите од агенцијата, да ја извршат контролата.
Во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби. Состанокот, информираат од ЦУК, бил свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски. -Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето, истакнуваат од ЦУК.…
Драматична спасувачка операција е во тек во тиролскиот дел на Алпите откако се стравува дека три лица се закопани под снег по лавина. Инцидентот се случил на глечерот Штубаер, наводно од негуваните падини. Лавината започнала непосредно пред 10 часот наутро, а се стравува дека три лица се закопани. Неколку екипи за планинско спасување се на местото на настанот, а покрај спасувачите, во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, додека хеликоптери летаат над областа. Властите соопштија дека лавината започнала во слободна скијачка зона во областа Даунсхарте. Според нив, несреќата е „предизвикана од скијачи кои скијале од обележаните падини“. Лавината го погодила…
