Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Член на највисокото раководство на СДС изјави дека Гоце Делчев е „небитна тема“

    ВМРО-ДПМНЕ: Член на највисокото раководство на СДС изјави дека Гоце Делчев е „небитна тема“

    30.04.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС и Венко Филипче веќе не се ни трудат да кријат. Уште еден од “новите’’ лица и новата енергија на Филипче, Рубин Земон. Рубин Земон е поранешен пратеник од редовите на СДС, а денес член на Извршниот одбор на СДС, највисокиот орган во партијата. Или, деновиве познат во јавноста, како член на ИО на СДС кој изјави дека Гоце Делчев е небитна тема кога се зборува за историјата на државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Член на Извршен одбор на СДС, Рубин Земон, лично поставен од Филипче јавно изјави дека расправата за македонскиот идентитет е непотребна, дека бугарскиот идентитет во Македонија треба да се либерализира, а за Гоце Делчев, без срам вели дека е мит, дека не напишал ништо, дека не извојувал ниедна битка.

    Пред цела македонска јавност секој ден испорачуваат нови докази дека не им е гајле за Македонија, ни за македонскиот идентитет, ни за македонскиот народ. И воопшто не се срамат од тоа.

    Член на Извршен одбор на СДС отворено ја релативизираше улогата на Гоце Делчев и се обиде да ја сведи на небитна тема. Од СДС нема реакција.

    И не може да има реакција, кога лидерот на СДС изјавува дека е подготвен да ги спроведе уставните измени, без никаква гаранција дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија на европскиот пат на Македонија.

    Ова за Филипче е безусловна подготвеност, како да станува збор за некоја административна формалност, а не за идентитетот и иднината на Македонија и на македонскиот народ.

    Значи, Рубин Земон би го избришал Гоце Делчев од историјата, а Венко Филипче ќе спроведе уставни измени, без услови, без гаранции и без никакви црвени линии.

    Како може Филипче да зборува за национални интереси, а од друга страна да им дава легитимитет и високи партиски позиции на луѓе кои го негираат постоењето на македонскиот народ?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.