Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цената на нафтата експлодираше: Достигна највисоко ниво во последните четири години

    Цената на нафтата експлодираше: Достигна највисоко ниво во последните четири години

    30.04.2026 во 10:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цената на нафтата денеска достигна највисоко ниво во последните четири години. Ваквиот скок доаѓа откако порталот „Аксиос“ објави дека американската команда ќе го информира претседателот Доналд Трамп за можни воени акции против Иран, што ги засили стравувањата од нова ескалација на Блискиот Исток.

    На лондонската берза, нафтата „Брент“ за испорака во јуни изутринава порасна за дури 6,84 отсто, достигнувајќи 126,10 долари за барел. Подоцна цената се стабилизира на околу 123,7 долари, што сепак е за 4,8 отсто повеќе од вчера. Истовремено, американската „лесна“ нафта ја надмина границата од 110 долари.

    Ова е највисоко ниво на цената на „Брент“ од почетокот на 2022 година. Трамп, според извештаите, веќе го одбил предлогот на Техеран за повторно отворање на Ормуската Теснина, што значи дека поморската блокада останува на сила.

    Проблемите со снабдувањето дополнително ги потврдуваат и анализите на „Голдман Сакс“.

    „Голдман Сакс“ проценува дека извозот преку таа клучна рута паднал на само четири отсто од вообичаеното, во мигови кога преговорите меѓу САД и Иран се во застој, а американската блокада дополнително го оптоварува снабдувањето.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.