Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Надворешната политика во изминатите две години се темели на достоинство, резултати и визија

    Муцунски: Надворешната политика во изминатите две години се темели на достоинство, резултати и визија

    27.04.2026 во 15:402 Mins Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска пред Комисијата за надворешна политика во Собранието го презентираше извештајот за сработеното во изминатиот двегодишен период, оценувајќи го пристапот на државата преку три клучни постулати.

    „Ако треба да ја сумирам надворешната политика во изминатите две години, тоа би било во три збора, а тие се: достоинство, резултати и визија“, изјави Муцунски, појаснувајќи ја стратешката определба на Министерството.

    Тој потенцираше дека надворешната политика не смее да биде арена за партиски надмудрувања, туку простор за национално единство. „Достоинство – затоа што националниот интерес не се брани со агресивна реторика, туку со јасни позиции, силни аргументи и институционална сериозност. Резултати – затоа што граѓаните со право очекуваат надворешната политика да носи видлива корист: инвестиции, безбедност, работни места, полесно патување и поголем углед во светот. Визија – затоа што државата мора да знае каде сака да биде за пет, десет и дваесет години. Не смееме само да реагираме на туѓи агенди. Мора да имаме сопствена“, истакна Муцунски пред пратениците.

    Во делот на евроинтеграциите, министерот нагласи дека целта е ЕУ да носи реални придобивки, а не само да биде далечна политичка цел. Во тој контекст, тој посочи на СЕПА како конкретен пример за олеснување на животот на граѓаните и компаниите.

    „Еден конкретен пример: приклучувањето кон СЕПА – Единствената област за плаќање во евра. Можеби звучи технички. Но за граѓаните и компаниите значи поевтини, побрзи и поедноставни трансакции со цела Европа. Тоа е европската интеграција онаква каква треба да биде – не апстрактна фраза, туку реална, опиплива корист“, додаде министерот.

    Осврнувајќи се на економската дипломатија, тој истакна дека Министерството веќе не е само политичко тело, туку центар за координација на сите аспекти на меѓународниот настап на државата, вклучително и инвестициите.

    „Затоа што современата дипломатија не се мери со бројот на средби, туку со тоа дали тие средби носат инвестиции, работни места, енергетска сигурност, нови пазари и поголем углед. Дипломатијата мора да отвора врати за македонските компании, да гради партнерства за инфраструктура, да привлекува технологии и да ја позиционира земјата онаму каде што се носат одлуките“, заклучи Муцунски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.