Author: Author 04

Најновите практики во циркуларната економија и напредните системи за управување со отпад беа во фокусот на посетата на Неговата Екселенција Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во земјава. ТИТАН Усје е еден од пионерите во земјава во примена на принципите на циркуларната економија и континуирано инвестира во нејзино унапредување. Амбасадорот Зомер имаше прилика да се информира и за процесите за декарбонизација, како и за активностите што компанијата ги реализира во насока на зелена и одржлива транзиција на индустријата. Главниот извршен директор Константинос Николау ги презентираше искуствата на компанијата и напредните технологии во користењето на алтернативни горива од фракции од отпад и…

Повеќе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.09.2025 полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и куршуми, калибар 7,65 мм, кои пријавениот неовластено ги поседувал и носел со себе.

Повеќе

Вчера во 14:00 часот во СВР Велес е пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на село Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. 

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата вицепремиерот Николоски ја потенцираше можноста за интензивирање на економската и трговска соработка меѓу Македонија и Хрватска во интерес на двете земји. Исто така вицепремиерот Николоски ги презентираше инвестициските планови на Владата за изградба и модернизација на патните и железнички Коридори 8 и 10, како дел од европските транспортни мрежи. Посебен фокус на средбата се стави на изградба на брзата пруга на Коридор 10, како предуслов за брз и ефикасен транспорт на добра кон Централна и Источна Европа, нагасувајќи…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10% во однос на одлуката од 27.11.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,902 ден/кг и сега ќе изнесува 33,963 ден/кг.Од 2.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе…

Повеќе

СВР Скопје информира за две одделни пријави за физички напади кои се случиле вчера на паркинг простори во трговски центри на подрачјето на Скопје.На 30.11.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, С.Ј.(42) од с.Ново Село, скопско, пријави дека на паркинг простор во трговски центар на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. На 30.11.2025 во 16:10 часот во СВР Скопје, А.М.(21) од с.Бунарџик, скопско, пријави дека околу 15:00 часот на паркинг простор во трговски центар на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случите.

Повеќе

Вчера во 23:00 часoт во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и нејзината 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С., кој во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со малолетничката заминал со возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера (30.11.2025) во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршиле контрола во угостителски објект во Свети Николе. При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 00:00 часот, од кои 14 биле под дејство на алкохол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Повеќе

Прашкаста и грутчеста материја пронашла полицијата кај 47-годишно лице од Струга при претрес во неговото патничко возило. Лицето е лишено од слобода, а на разговор во полиција се повикани уште три лица сопатници во возилото, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 1 часот и 40 минути полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ го лишиле од слобода А.Г.(47) од Струга. – При извршен преглед во патничко возило „фолксваген туарег“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се прашкаста и грутчеста материја. Во врска со настанот, во полициска станица на разговор се повикани се…

Повеќе

Продолжуваме со разоткривање на криминалните тендерски шеми на власта на Мицкоски, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка од редовите на СДСМ. “Денеска јавноста ќе слушне кој друг е поврзан со фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци? Кој е вториот вработен? Што работел претоходно и во кое време? Станува збор за извесен Глигор Поцев“, соопшти Кузеска. Кузеска истакна дека Поцев бил сведок во случајот Тагрет Тврдина за уништувањето на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков. „А токму последниот договор со Владата и оваа фирма е рамковна…

Повеќе