- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Железничкиот сообраќај во државава е нормализиран од ноќеска во 01:30 часот, откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија (СММ) го прекина бојкотот. Одлуката за прекин доаѓа по синоќешните успешни преговори меѓу Синдикатот, раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт. „Имавме преговори кои вродија со плод, дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и бојкотот засега да се прекине,“ изјави Тони Димовски, претседател на СММ. Бојкотот, кој почна вчера во 13:30 часот, предизвика стопирање на пет патнички воза (два за Битола и по еден за Куманово, Гевгелија и Велес). Кај товарниот…
СДС цела недела молчи за празнењето и препродавањето на стоковите резерви на црните пазари во ек на криза. СДС молчи за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата и за криминалот вреден 800.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Димковски направил записник, а потоа и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица. Криминалната влада на СДС за краток период смислила начин за тоа како да го камуфлира и прикрие недостатокот за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата. Нови тендери за…
За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани, велат од СДСМ. „Тоа покажува колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ. Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите. И тоа зборуваме за паднат стандард во Скопје, во главниот град, колку е само полоша состојбата во помалите градови и населени места? Економијата паѓа а народот едвај преживува. Добро е што власта ги постави камерите, сега од неговиот кабинет во зградата на Владата Мицкоски, зад вратената ограда, ќе може да ја види катастрофалната состојба во…
Поради технички зафати на ЕВН Македонија АД во електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има прекин на електричната енергија во општина Карпош. Корисниците на ул. „Хелсинки“ (од бр. 22 до бр. 36) ќе бидат без струја во периодот од 11:00 до 15:00 часот. Информацијата за планираниот прекин ја соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10% во однос на одлуката од 27.11.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се променија.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалија за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,902 ден/кг и сега изнесува 33,963 ден/кг.Од 2.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен…
Денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. На денешната главна расправа се очекува да се продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната. На минатото рочиште, Судот ги прифати приговорите на одбраната дека обвинението со листата на докази не им било доставено на обвинетите, поради што расправата беше одложена. Судот, за да не се одолговлекува постапката, донесе одлука оштетните побарувања да се остваруваат во граѓанска постапка, а присутните оштетени се приклучија кон кривичниот прогон.…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), претпладне по одделни котлини се очекува појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, под влијание на серија влажни воздушни бранови, ќе следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови на земјата, а на некои од повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Во главниот град се очекува претежно облачно време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до…
Утрешното време ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен јужен ветер. Претпладне во одделни котлини се очекува појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите се очекува да бидат пообилни во западните и јужните делови на земјата. На повисоките планини, дождот ќе преминува во снег. Во главниот град ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде до 1 степен, а максималната до 9 степени.
Криминалната ВМРО–ДПМНЕ нека погледне најпрво во своите редови, таму има многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани, велат од СДСМ. „СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење. Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна во Унгарија а уште десетици други функционери на ДПМНЕ завршија на суд за криминал, корупција, прислушување и бројни злоупотреби. Таквите се нивните „редови“ и денеска. Истите шеми за испумпување на пари од граѓаните, истите местења тендери на фирми блиски до…
Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, а Мухамед Хоџа – министер за животна средина и просторно планирање. Премиерот ги одобри предлозите на „Вреди“ и тие се веќе доставени и пристигнати и во Собранието. Нема потврда дали досегашниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе замине за амбасадор во Брисел. Од коалицијата брифираат дека за ова прашање уште се разговара. Засега нема промени во Министерството за здравство, за што деновиве се шпекулираше дека на местото на Азир Алиу се планира да седне Башким Бакиу. Сепак, не е исклучено овој ресор да биде опфатен со најавената реконструкција на владата…
