Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до Мицкоски: Имате мнозинство во Собранието, не барајте изговори за Изборниот законик

    СДСМ до Мицкоски: Имате мнозинство во Собранието, не барајте изговори за Изборниот законик

    01.05.2026 во 14:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик, велат од СДСМ.

    „Ова е класична  лага на Мицкоски.

    ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието. 

    Токму како што го укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик. 

    Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе пропаднат.

    Мицкоски помпезно ветуваше дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека сме рамо до рамо со Црна Гора“. 

    Сега однапред подготвува алиби зошто тоа нема да се случи. Затоа што во јуни нема да ги внесе малцинства во Уставот, нема да ги затвори 8-те отворени реформски точки и нема да ги реши проблемите што самиот ги создаде: криминал, корупција, контрола врз судство и обвинителство, 40% од медиумите дел од Орбановата мрежа.

    Мицкоски лажеше за враќање на името, лажеше за укинување на Преспанскиот договор, лажеше за „трета економија во Европа“. 

    Сега подготвува нова лага – дека СДСМ е виновен за неговиот неуспех.

    Нема да нè вовлече во своите лаги.

    Мицкоски може да продолжи со лаги, да ветува и да бара виновници. 

    Граѓаните јасно гледаат: единствениот кој ја блокира Македонија кон Европа е токму тој – Мицкоски и неговата криминална организација“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.