- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите. За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ј.(68) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 20.08.2025 во Охрид, полициски службеници го затекнале внукот на пријавениот, кој по дозвола и насоки дадени од пријавениот, со импровизирано превозно средство „воз“ вршел јавен превоз без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз и без документација за возилото.
Инвестираме огромни средства во изградба на модерни и безбедни автопати преку кои го подигнуваме нивото на безбедност во сообраќајот. Интензивно работиме на автопатите на коридор 8 и на коридор 10 д, а очекувам овој месец да избереме Изведувач и за изградба на автопатот Кичево -Букојчани, изјави вицепремиерот Александар Николоски. Тој потенцира дека е потребна координирана акција со МВР и другите надлежни институции со цел намалување на жртвите во сообраќајот, но најавжно е менување на свеста кај граѓаните за почитување на законите. “ Мора сите заеднички да работиме да се подобри црната статистика. Во соработка со МВР ќе работиме активно во…
Првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска пред судот емотивно се осврна на трагедијата, изјавувајќи дека не може да поверува што се случило и дека секоја ноќ ја преживува таа трагична ноќ, поминувајќи девет месеци во „четири ѕида“. Со сериозна вознемиреност во гласот, Јованов го бранеше начинот на кој раководел со објектот: „Водев клуб каде се сибираа сите млади и моите деца, зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто не би презел сè за да се отстрани навреме. Во тој клуб имам пораснато десетици генерации, сите што ме познаваат знаат колку се грижев за…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали го поддржува протестот на пензионерите пред Уставен суд, рече: „Овој пат тие удрија на пензионерите, па ги слушам сега како се препелкаат – тоа што си го земале пензионерите нема да го вратат, но, затоа ќе видиме како понатаму. Нели најпрвин немаше такво нешто. Јас кога го соопштив тоа на пратенички прашања тие излегоа рекоа нема такво нешто. За потоа да се препакуваат и кажат добро, еве ќе го разгледуваме сето тоа за од 1 јануари“. Премиерот Мицкоски потенцираше дека последното линеарно зголемување е предвидено за мартовската пензија идната…
Грчките земјоделци од областа Пеонија денеска во 12 часот повторно го блокираа граничниот премин Евзони кон Северна Македонија, затворајќи го целосно влезот и излезот од Грција. Блокадата, во која учествуваат над 150 трактори и земјоделски возила, е со непознато времетраење. Овој премин беше блокиран и вчера во доцните попладневни часови. Протестите на земјоделците предизвикаа застои и на клучната патна мрежа во Грција, особено на автопатот Солун-Атина, со блокади кај патарината и во близина на Лариса и Кардица.
Полициски службеници од ОВР-Неготино вчера привеле 37-годишник од Неготино, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен татко, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Синоќа во 21:35 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода 37-годишник од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани на неговиот 63-годишен татко. При преземање мерки извршено му е алкотестирање и измерени му се 2,99 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен…
Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта ќе помага во детекција на огнено оружје, дрога и експлозиви. Скенерот за поштенски пратки што денеска беше презентиран на официјален настан e донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2, чија цел е спречување нелегална трговија со огнено оружје и експлозиви преку поштенски пратки во земјите од Западен Балкан. „Скенерот за поштенски пратки е од големо значење во заедничката борба против тероризмот, спречување пролиферација на мало и лесно оружје и недозволена трговија со дрога. Годинава во царинската…
Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави дека ако објавениот скандал од СДСМ за тендерот од 9 милиони евра е корупција и криминал, нека реагираат институциите, тој нема ништо против, изјави денеска Петар Огњеновиќ од редовите на СДСМ. Еве денеска сме пред Државната комисија за спречување корупција, да поднесеме официјална пријава со сите документи, докази и информации што ги објавивме изминативе денови, рече Огњеновиќ. „Како што ветивме, нема да дозволиме ова да остане само на прес конференции. Институциите мора да постапат, крадењето на народот да запре и да следува одговорност. Кога фирмата основана пред една година, со само двајца вработени, добива државни тендери од речиси 9 милиони…
Под влијание на циклонска активност, од денеска во вечерните часови се очекува промена на времето, со што следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи. Врнежи од дожд се очекуваат низ целата земја. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови на земјата. На некои од повисоките планини, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе останат позитивни насекаде.
