Author: Author 04

Случајот со бруталното убиство на 21-годишниот син на украински политичар во виенскиот Донауштад е расчистен. Двајца Украинци, осомничени дека го претепале момчето во подземна гаража на луксузен хотел и потоа го запалиле во автомобил, се уапсени во Украина по издадена меѓународна потерница. Истражителите сметаат дека мотивот бил финансиски грабеж на криптовалути, пренесува Krone. Виенската полиција соопшти дека уапсила 19-годишник и 45-годишник во соработка со украинските власти и Европол. Полковник Герхард Винклер ја исклучи можноста за политички мотив, истакнувајќи дека од крипто-паричникот на жртвата е украдена голема сума, а кај еден од осомничените биле пронајдени значителни американски долари. Жртвата, студент чиј…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го објасни новиот модел за санкционирање на возила со странски регистарски таблички кои ќе направат сообраќаен прекршок во земјава. Тој потврди дека и странските возила ќе бидат опфатени со системот „Безбеден град“. Странските возила нема да бидат задржани при излез од државата, бидејќи тоа е законски уредено и не може поинаку. Возачите ќе добијат официјално известување дека нема да им биде дозволен повторен влез на македонските граници доколку претходно не ја подмират соодветната казна за прекршокот. „Работна група составена од експерти го разгледа и ова прашање, и верувам дека понудивме соодветен одговор,“ рече…

Повеќе

На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, одбраната на Тодор Јованов (брат на првообвинетиот Дејан Јованов) остро ги поби наводите на Обвинителството, нагласувајќи дека тој никако не можел да биде третиран како „одговорно лице“ во клубот. Тврдењата на бранителот: Улогата на Тодор била строго ограничена на билетарницата и се состоела исклучиво во продажба на влезници. „Точно е дека продавал карти, но тој немал никаква надлежност да врши проверка на влезот и излезот, а посебно не знам од каде ОЈО смета дека е надлежен да легитимира,“ изјави бранителот. Адвокатот укажа на „сериозна нелогичност“ во обвинителниот акт, каде Тодор е изедначен со…

Повеќе

Освен на депонијата Вардариште и на други локации во Скопје се мапирани бездомни лица. Заменик министерот за социјална политика, демографија и труд, Ѓоко Велковски вели дека за нивно сместување веќе е најдено решение и ќе се решава проблемот по примерот на изградбата на типските куќи во штипската населба Мирјанина Црква. – Има повеќе локации, каде што имаме ваква појава, во Визбегово имаме, имаме во Бутел една таква дива населба. „Ранка Милановиќ“ поранешниот Дом за деца исто така и Вардариште, којшто беше пред самите избори. Пратена е информацијата на Влада, со конкретни чекори и активности, со акциски план комплетен, рече Велковски…

Повеќе

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“, во својот воведен говор денеска изнесе цврста рамка за одбраната: Јованов е „обичен човек кому му падна на товар институционалната неодговорност“. Одбраната ја лоцира вината за непосредните причини за пожарот кај групата ДНК. Адвокатката тврди дека не можело да постои умисла кај Јованов за пиротехниката, бидејќи нејзината употреба никогаш не била пријавена од групата ДНК. „Групата сама ја инсталирала и употребувала пиротехниката… само прашање на време било кога ќе дојде до последица,“ рече Коцевска, додавајќи дека ќе понуди докази за нивни претходни настапи. Јованов, како нестручно лице, не…

Повеќе

Вчера во 16:09 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 14:00 часот во двор од куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, сопственост на 83-годишната П.Р. од Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзело мобилниот телефон, известија од МВР.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 16:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(25) од Куманово и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки управуван од 14-годишник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Повеќе

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби. „Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот“, се наведува во соопштението. Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации и додава дека каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена.

Повеќе

Марија Шерифовиќ го доби својот син Марио пред две години со помош на сурогат мајка, а денес му го честиташе роденденот на својот наследник со трогателна објава. Пејачката Нада Обриќ, која е блиска пријателка со Марија и нејзината мајка, откри дека била една од ретките кои знаеле за плановите на музичката ѕвезда. „Марија е најдобрата мајка“ Марија за сурогат мајката: „Секој ден имаше масажа, чистачка…“Марија еднаш проговори за таткото на своето дете, како и за сурогат мајчинството.

Повеќе

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 64-годишен маж пријави дека е измамен за сума од 1300 евра од Ф.А. од Скопје. Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра. По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да…

Повеќе