Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова по повод Први мај: Да ги цениме работниците ако сакаме да ги задржиме дома

    Сиљановска-Давкова по повод Први мај: Да ги цениме работниците ако сакаме да ги задржиме дома

    01.05.2026 во 10:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод Меѓународниот ден на трудот, упати порака до граѓаните во која потенцира дека овој празник е потсетник на долгата и достојнствена борба за признавање на трудот како извор на вредности.

    Таа истакна дека Први мај е момент за соочување со клучните прашања за состојбата со работничките права во земјава.

    „Дали ги почитуваме општо прифатените норми на меѓународното трудово право?; дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?; дали социјалната правда е идеал или реалност?; дали работничкиот труд е соодветно вреднуван, односно дали работниците се правично наградени за работата и можат да напредуваат согласно знаењето и вложениот труд?“, прашува претседателката во својата порака.

    Сиљановска-Давкова во пораката ги адресира и прашањата за безбедноста на работното место, случаите на присилна работа, како и достапноста на работните места под еднакви услови за сите.

    Според неа, уживањето на економските и социјалните права директно го детерминира квалитетот на културните права на работниците.

    Претседателката нагласи дека синдикалното организирање и социјалниот дијалог се клучни предуслови за баланс меѓу економските интереси и социјалната правда.

    „Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат!“, се наведува во соопштението.

    На крајот, таа порача дека односот кон работниците мора да биде како кон вреден социјален капитал со цел тие да останат во државата.

    „Да сфатиме дека само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни! Среќен Први мај!“, стои во честитката од претседателката.

    Прочитај повеќе

    Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави

    21.10.2026 во 22:30

    Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

    21.10.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.