Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Рим праќа социјалдемократски поздрави додека декларативно се грижи за работниците

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Рим праќа социјалдемократски поздрави додека декларативно се грижи за работниците

    03.05.2026 во 10:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку лажно е загрижен за работничките права и работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет пред граѓаните.

    Филипче потврди дека реториката од типот „се грижиме за граѓаните и работничките права“ се косат со реалното политичко и приватно однесување и делување на раководството на СДС и Филипче.

    Дека СДС и Венко Филипче не се доследни и немаат стартегија и план за сопствената партија и државата, говори и фактот што Филипче упорно се обидува да се продаде како единствен арбитер за европскиот пат додека нема црвени линии и е спремен на секакви отстапки само за да дојде на власт.

    СДС и Филипче се без концепт.

    Филипче тоне во сервилност без крај исто како и неговиот ментор Заев и е спремен да ги распродаде националните интереси само да ја зачува фотелјата на Бихачка.

    СДС и Филипче само декларативно се залагаат за Европа, додека во пракса водат политика според приликите и личните лукративни цели на кланот Заеви и Венко Филипче.

    За таа цел Филипче е спремен на се, па затоа спинува изјави на европски пратеници вклучително и Томас Вајц кој јавно го демантираше, шири лаги за блокирани ИПАРД средства во обид да ги манипулира земјоделците и повторно беше јавно демантиран, бидејќи средствата се на располагање на земјоделците.

    СДС и Филипче ниту се однесуваат, ниту делуваат проевропски. Декларативно се повикуваат на Европа додека се опкружени со криминалци, го поткопуваат демократскиот систем и работат спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.