Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Во Македонија Светскиот ден на медиумите не се слави, туку се преживува

    СДСМ: Во Македонија Светскиот ден на медиумите не се слави, туку се преживува

    03.05.2026 во 10:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите. За жал, во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Над 40% од медиумскиот простор е под директна контрола на Орбановата мрежа во служба на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

    Дополнително владата врши притисок врз независните медиуми.

    Со приватниот Мосад (Black Cube) се следат и се фабрикуваат медиумски афери против политичките противници.

    Повампирени лица кои Мицкоски ги оживеа од периодот на Груевски, како Ивона Талевска и нејзиниот партнер Драган Павловиќ Латас, секојдневно сеат омраза, пласираат болни текстови и навреди кон опозицијата.

    Не е тоа слобода на медиуми туку контрола на медиуми од страна на криминална организација.

    СДСМ ја поздравува работата на сите независни новинарски пера и секој медиум кој работи професионално и чесно.

    Ние сакаме и се бориме за денот кога во Македонија нема да има ниту еден медиум под контрола на криминална група, кога никој од власта нема да се меша во уредувачката политика, кога новинарите ќе можат слободно да известуваат без страв од притисоци, закани и фабрикувани афери.

    Слободата на медиумите не е привилегија туку темел на демократијата.

    Наскоро доаѓа времето на вистината!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.