Author: Author 04

Никола Груевски, некогашниот „голем“ премиер на Македонија, човекот што така „мајсторски“ ја зави земјата во црнило, ја остави во безнадежност и сонуваше за изолација само за себе и за својата клика. Парадоксално, нели?, прашуваат од СДСМ. „Денес, тој „гениј“ сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија? Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели „мудрости“ откако побегна од правдата. Човекот…

Повеќе

Вчера во 15:50 на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.К.(37) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

Вчера во 17:50 часот на крстосница помеѓу ул.„Македонија“ и ул.„Бошко Петров“ во с. Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(28) од с.Злетово, пробиштипско. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета, а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

Повеќе

Вчера во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.А.(35) од Кавадарци. Претходно, околу 20:45 часот на улица „Првомајска“ во Неготино, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бандера, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и по извршено алкотестирање е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,83 промили алкохол во крвта.

Повеќе

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, поранешниот кочански градежен инспектор Огњан Георгиев (68), кој е обвинет за тешки дела против општата сигурност, побара да му биде вратен неговиот мобилен телефон, одземен како доказ во истрагата. Георгиев пред судот нагласи дека уредот е негов единствен телефон и дека и натаму ги плаќа месечните сметки за него. „Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон затоа што јас друг телефон немам. Мојот телефон е ’чист‘ со гаранција, немам никакви доказни материјали бидејќи сум немал никакви контакти со обвинетите, рече Георгиев.“ Неговиот адвокат, Зоран Зафировски, го оспори обвинението,…

Повеќе

Денеска, 4 декември, на ноќното небо ќе биде видлива Студената Месечина, што астрономски го означува почетокот на зимата. Станува збор за третата и последна супермесечина за 2025 година. Супермесечините се случуваат кога полната Месечина се наоѓа во перигеј – најблиската точка до Земјата во нејзината орбита – со што изгледа поголема и посветла од вообичаено, објаснува Би-би-си. Иако не се ретки (обично три до четири годишно), појавата на три по ред е несекојдневна. Појавата на полна Месечина се случува кога Сонцето и Месечината се на спротивни страни од Земјата во порамнување наречено „сизигија“, овозможувајќи целата страна свртена кон нас да…

Повеќе

Романското Министерство за одбрана вчера објави дека неутрализирало поморски дрон од типот „Sea Baby“, пронајден во близина на Констанца, поради безбедносните ризици поврзани со војната во Украина. Дронот, кој е украинско производство, бил уништен со контролирана детонација. Инцидентот се случил околу 13:00 часот, 66 километри источно од романското пристаниште Констанца. „Интервентниот тим доби овластување да го неутрализира идентификуваниот објект, во согласност со важечките оперативни процедури, а околу 13:00 часот поморскиот дрон беше уништен со контролирана детонација“, информираше романското Министерство. Иако станува збор за дрон „Sea Baby“, развиен од Украина, портпаролот на Министерството за одбрана на Романија одбил да прецизира од…

Повеќе

Мобилните телефони и лаптопот што беа пронајдени во ќелијата во која престојува обвинетиот Џеваир Камбери, еден од обвинетите за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, не биле негови, соопшти неговиот бранител Насер Рауфи на денешното рочиште. Адвокатот Рауфи пред судот истакна дека сопственикот на пронајдените 13 мобилни телефони и еден лаптоп самиот се пријавил и признал дека предметите се негови. „По вашата забелешка на минатото судење дека Камбери внел телефони, во меѓувреме детектиран е сопственикот на телефоните и лаптопот од страна на затворот, и не е Камбери. Го молам судот да се обрати до затворот за таа информација“, рече адвокатот…

Повеќе

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди во Хаг, ќе се одржи во Скопје на 13 декември. Протестот ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, прецизираше Ахмети. „На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопјe за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe“, појаснил лидерот на ДУИ. Ахмети ги…

Повеќе

Денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, процес кој е внимателно следен од јавноста и семејствата на загинатите. На влезот од судницата, обвинетите повторно беа дочекани со силен потсетник за трагичниот исход. Пред почетокот на рочиштето, пред судницата бил поставен транспарент на кој се прикажани ликовите на жртвите. На транспарентот, кој претставува силен потсетник за длабоките последици од пожарот, стои: „63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара ПРАВДА“. Обвинителството го води предметот против лицата за кои постои сомнение дека имаат директна одговорност за несреќата. Семејствата на жртвите упорно присуствуваат на судењата, следејќи го текот на постапката со…

Повеќе