- Пекинг предупредува: Странски служби шпионираат со морски животни опремени со сензори
- Општина Чаир: Транспарентно и законски спроведени тендерите за инфраструктурни проекти
- Милошоски: По преспанскиот договор добивме ветa, не отворање на преговори
- Тага во Бразил пред почетокот на Мундијалот: Почина познат фудбалер, светски шампион
- УХМР со метео предупредување – Од понеделник нова промена со времето
- Словенија ја укина забраната за влез за Нетанјаху и други мерки против Израел
- ВИДЕО: Пожар и паника пред зграда во Кисела Вода
- Зграда срамнета со земја, покривот заврши на железничка станица – Хорор во регионот
Author: Author 04
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од с.Кучевиште, скопско, пријави дека на 01.12.2025 околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, денеска излезе со реакција во која ги отфрла во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси, за која СВР Струмица поднесе кривична пријава против него и уште пет лица.Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, истакна Костадинов.Костадинов потенцираше дека проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на…
Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријави дека во Градскиот парк во Скопје, две лица со закана со остар предмет одзеле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија. Ова се конкретните придобивки, договорени со Меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов. „Безбедноста на храната ни е еден од клучните приоритети. Суштината на Меморандумот е зајакнат и координиран пристап преку размена на информации со што делуваме превентивно во спречување на секој обид за криминал со храна. Секој обид за загрозување на здравјето…
АМСМ информира дека од 12:00 часот денеска, сообраќајот за сите видови на возила е целосно блокиран на граничните премини кон Република Грција, Меџитлија и Богородица. Причина за блокадата се протести на грчките земјоделци. Целосно е блокиран сообраќајот на:
Регионот, Македонија, мојата земја се борат за европските вредности со децении. Нема сомнеж дека за регионот нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО. Добро е што сме членка на НАТО, но испораката од ЕУ недостасува, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на панел дискусијата “Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа” што се одржа во Брисел во организација на “Пријатели на Европа” Тој истакна дека во децениите наназад Македонија направила голема жртва за пристапниот процес, но според него клучните играчи во ЕУ треба да бидат фер и да испратат искрена порака дали регионот…
Вчера во 13:35 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 07:40 часот, при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините во кујната во ОУ “Димо Хаџи Димов”, денес, повторно земаа брисеви од работните површини во кујната, со цел утврдување на најзината безбедност. На вонредни здравствени санитарни прегледи упатени се и вработените во кујната, која ќе остане затворена се до добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста.АХВ официјално ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисеви, од работни површини, прибор, машини и од вработените лица во кујната во ОУ “Димо Хаџи…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Виена се сретна со својот унгарски колега Петер Сијарто, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ. Муцунски на Фејсбук објави дека на средбата е изразено задоволство од динамичната билатерална соработка и континуираниот политички дијалог на високо ниво. “Изразивме задоволство од динамичната билатерална соработка и континуираниот политички дијалог на високо ниво, како и од широката секторска соработка и меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати. Потврдивме и дека во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно интензивирање на оваа соработка”, напиша Муцунски. Двајцата министри разговарале за: Тие,…
Утре, петок, под влијание на циклонска активност, насекаде ќе има врнежи од дожд. Според УХМР, врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови на земјата, каде локално се очекува да наврнат над 40 литри на квадратен метар за 24 часа. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне постепено ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето, придружено со пониски утрински температури. Дневните температури, пак, ќе бидат во пораст. Во Скопје, утре се очекуваат врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Во сабота врнежите ќе бидат со послаб интензитет и ќе престанат во…
