Author: Author 04

Компанијата Мета (Meta) започна со заклучување на стотици илјади профили на Instagram, Facebook и Threads, во пресрет на официјалното стапување во сила на новиот закон за онлајн безбедност во Австралија, објави агенцијата „Ројтерс“. Комесарот за е-безбедност, Џули Инман Грант, првично изразила загриженост за „суровиот“ пристап кон блокирање на помладите корисници, но подоцна ја поддржала мерката, откако постепените регулаторни промени покажале недоволна ефикасност. Грант нагласи дека платформите мора да ја преземат одговорноста: „Стигнавме до пресвртна точка. Нашите податоци се валутата што ги движи овие компании, а дизајнот на платформите содржи моќни, штетни и измамнички карактеристики против кои дури и возрасните се…

Повеќе

Љупчо Николовски додека бил вицепремиер за борба против корупција, наместо да спречува тој креирал коруптивни шеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Целокупното владеење на СДС и ДУИ беше обележано со криминал, а корупцијата навлезена во секоја пора од општественото делување. Николовски кој како вицепремиер за борба против корупција, имал задача да ја спречува тој дополнително ја создавал преку коруптивни шеми со кланот Заеви. Додека Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, Николовски возвратил со контра услуга и грант од 1,4 милиони евра. По отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кој е…

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ја започна својата работна агенда во Брисел каде оствари средба со “Пријатели на Европа” на која се зборуваше за актуелните политички и економски случувања во Европа и регионот на Западен Балкан. Тој најави бројни политички и економски средби со високи претставници на Европска Унија како и меѓународни финансиски институции на кои ќе разговара за инфраструктурните проекти во Македонија. Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерoт Николоски: “Честта е голема, “Пријатели на Европа” е најголемата тинк тенк организација која што директно ја подржува Европската Унија. Јас имав чест во 2022 година да бидам избран…

Повеќе

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште се очекува да продолжат воведните зборови на одбраната. Судењето продолжува откако на минатото рочиште сите 37 обвинети, меѓу кои сопственици, управители, инспектори и поранешни градоначалници, изјавија дека не се чувствуваат виновни за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од обвинетите упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но јасно истакнаа дека не признаваат вина. Воведни зборови на минатото рочиште веќе дадоа бранителите на сопственикот на…

Повеќе

Изјавите на Бојан Стојановски дека ВМРО-ДПМНЕ „ја прекинала политичката игра на некрофилство на СДСМ и Левица“ е ненормална и забегана., велат од СДСМ.  „Ова не политика. Ваквите изјави покажуваат само дека постои некоја психичко-пореметувачка состојба за која треба стручен конзилиум.  Од ВМРО-ДПМНЕ сме навикнале овие години на слушаме се и сешто но ова не можевме ниту да го замислиме. Целата јавност е во шок. За ВМРО-ДПМНЕ нема ништо свето. Вие навистина немате душа, ниту грам човечност. Да споменувате некрофилија? Нека се запрашаат граѓаните кои вас ви дадоа глас дали вредеше. Дали со овие луѓе се можни европски вредности? Згрозени се…

Повеќе

Овен Овој ден ви носи конфузија во разговорите, имате намера да бидете искрени, но некој ве разбира половично и создава непотребна тензија. Опозицијата Месечина–Венера го прави секој контакт чувствителен, а полната Месечина ве повикува да ги расчистите мислите и да go кажете само она што е навистина важно. Денес учите дека вистината не мора да биде жестока за да биде силна. Бик Tешко  ви е да ги разберете туѓите мотиви, зборуваат едно, мислат друго, и тоа ве заморува. Опозицијата со Венера создава впечаток дека некој не ви излегува во пресрет или дека избегнува јасен одговор. Но полната Месечина ви го…

Повеќе

Пробното пуштање на системот „Сејф сити“ за само три дена регистрирало огромен број сообраќајни прекршоци, што според Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдува неговото значење за подобрување на безбедноста на патиштата. Началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов, и државниот советник, Владимир Велковски, во гостување на ТВ Телма открија дека системот забележал и „рекордер“ во брзо возење: возило се движело со дури 231 километар на час на скопската обиколница, на 1 декември. Во првите 24 часа од тест-периодот, на 1 декември, системот регистрирал околу 110.000 прекршоци. Следниот ден, на 2 декември, бројката значително се намалила…

Повеќе

Сопственикот на над 500-тини крави и неговите ќерки ќе одат во осумдневен притвор дознава Телма.  Претходно обвинителството соопшти дека ОЈ Крива Паланка ќе поведе постапка против три лица за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Осомничените на втори декември, со сила и сериозна заканa спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток. Јавниот обвинител ја зел в предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, па до надлежниот суд поднесе предлог за определување…

Повеќе

Сериозен инцидент на семејно насилство е регистриран во Италија, каде 49-годишна жена по потекло од Македонија била пронајдена мртва во нејзиниот дом со бројни знаци на насилство. Според извештаите на италијанските медиуми, станува збор за Саџиде Муслија, која била пронајдена во нејзиниот стан во Пјанело Валесина, мало село во провинцијата Анкона. Нејзиното тело било пронајдено во кревет со видливи знаци на тепање и повреди на главата. Полицијата била алармирана од нејзиниот работодавач, откако жената не се појавила на работа. Властите интензивно трагаат по нејзиниот сопруг, 50-годишниот Назиф Муслија. Италијанските медиуми пренесуваат дека двојката била во процес на развод, но сопругот…

Повеќе

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира дека денеска дел од жителите на село Орман ќе останат без напојување со електрична енергија поради планирани технички интервенции. Прекинот на струјата е најавен од ЕВН Македонија АД. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 04.12.2025 година (четврток) без електрична енергија ќе останат – во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Орман (Општина Ѓорче Петров)“, стои во соопштението на РЦУК. Се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија во најавениот период.

Повеќе