- Температурите во пад, невреме на повидок – УХМР со најнова прогноза
- МВР со важно известување: Нови услови и правила за мотоцикли до 125 cm³
- Гром запали куќа, невреме го зафати целиот регион – Доаѓа и кон Македонија
- Како до поефикасен јавен превоз – Експерти и граѓани на дебата во Скопје
- Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија
- Мицкоски на бизнис форум во Истанбул: Фокус на нови инвестиции и економска соработка
- Водечките стоматолози од регионот во Скопје – Меѓународен стоматолошки конгрес К4
- Ќе нема струја до 15 часот – Исклучувања во повеќе скопски населби
Author: Author 04
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на симулациска вежба за евакуација при земјотрес и нус-појава на пожар во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Вежбата имаше за цел да ја провери подготвеноста на учениците, наставниот кадар и персоналот за брза и координирана реакција во кризна ситуација. „Овие обуки не смеат да бидат формалност, туку мора да станат задолжителна и редовна пракса во образовниот систем. Сите училишта треба да ги знаат протоколите за евакуцација во случај на катастрофа. По трагичниот пожар во објектот Пулс во Кочани, треба да ја кренеме свеста на највисоко ниво за важноста на ваквите подготовки“, рече Герасимовски. Сценариото…
Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничените, татко и двете негови ќерки, како соизвршители на 2 декември, со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток. Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе…
Најавата дека премиерот Мицкоски од здравствени причини го има откажано учеството на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје отвора и едно клучно прашање, велат од СДСМ. „Дали поради случувањата во Србија, Мицкоски или така наречниот Мали Вучко бега од своите бизнис партнери? Во исто време, денеска беше потпишан и некаков меморандум за соработка со Србија а не се соопшти конкретно за што се однесува. Дали можеби е меморандум за неиспорачување? Во последно време се случува една коинциденција на слошувања, и во Србија и во Македонија. Ова се прашањата на кои Мицкоски треба да одговори“, стои во соопштението од…
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријави дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки, сопштија од полицијата во дневниот билтен. По насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.
Вчера во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото. Детето е задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош, соопштија од полицијата. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши кадровски промени во две клучни градски јавни претпријатија, поставувајќи нови вршители на должност (в.д. директори) во „Дрисла“ и „Градски паркинг“. Овие назначувања се дел од напорите на Град Скопје за усогласување на раководните позиции во пресрет на претстојните урбани и комунални активности во градот.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека реакцијата на СДС е на ниво на состојба која е надвор од сферата на политиката, а повеќе во сферата на душевното здравје на авторите кои од ноторни криминалци прават жилави луѓе и жртви. На народот ова соопштение не му смешно, нити интересно, затоа што токму тој народ е ограбен и злоупотребена е неговата доверба од страна на паланечки интриганти и лопови кои ја користеа политиката за свои цели за сега нивните платеници да раскажуваат вакви неинвентивни вицови и да сметаат дека којзнае што кажале, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. „Тој ментален склоп…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со американскиот заменик државен секретар, Кристофер Ландау, на маргините на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО во Брисел. Двајцата соговорници ги потврдија блиските и пријателски односи, како и силната и конструктивна соработка со САД како македонски стратешки партнер. Разговорите опфатија теми поврзани со улогата на САД во стабилноста и развојот на Западниот Балкан, со акцент на соработката во рамките на НАТО и нејзината важност за колективната безбедност. Министерот Муцунски, од своја страна, го истакна придонесот на земјата во Алијансата и нејзиното конзистентно делување како конструктивен…
Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода 24-годишната Џ.А. од селото Ново Село, Општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило Volkswagen Turan со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило Volkswagen Golf со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У. (23) од Тетово. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – Безобѕирно управување со моторно возило.
Поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска е официјално обвинета за процедурална измама и корупција во врска со договорот за обука на идни дипломати во академијата „Колеџ Европа“, која таа сега ја води. Могерини беше приведена вчера на испрашување од страна на белгиската полиција, а во текот на ноќта сите беше ослободени од притвор. Обвинителството истражува измама поврзана со програмата за обука на помлади дипломати финансирана од ЕУ кооја Европската служба за надворешна акција ја додели на Колеџот на Европа за 2021 и 2022 година. Истрагата се фокусира на тоа дали тендерот бил наместен…
