- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Земјоделците од северна Грција, од регионот на Пеонија, денеска кратко по 12 часот по локално време повторно го затворија граничниот премин Евзони кон Северна Македонија. Со ова, сообраќајот е целосно во прекин за сите возила, и за излез од Грција и за влез во земјата. Непознато е колку долго ќе трае блокадата на Евзони, кој беше периодично затворен и вчера и завчера. Земјоделците ја одржуваат својата вообичаена пракса од изминатите години – не ги најавуваат блокадите – туку одлучуваат на дневни состаноци на колку време ќе го блокираат преминот, каде што се паркирани околу 150 трактори и земјоделски возила. Земјоделците…
Денеска (03.12.2025) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје, информираа од полицијата, При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми. Лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата со најмногу поплаки од граѓаните – околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и јавни простори. Новиот систем овозможува континуирано мерење на бучавата во реално време и алармирање секогаш кога ќе се надмине дозволеното ниво. „Во програмата јасно ветивме дека ќе воспоставиме смарт систем за мерење на бучавата. На терен веќе е започнато поставување на мерните единици на 30 локации низ Општина Центар. Овие сензори континуирано ќе ја следат бучавата и ќе алармираат секогаш кога ќе биде над дозволеното ниво. Со…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се обрати на денешната собраниска седница, при што упати апел до сите пратенички групи да го поддржат одржувањето на Анкетната комисија предложена од над 75 пратеници и која се однесува на големите трагедии кои се случија во Република Македонија. Стојаноски посочи дека пратеници и Собранието како орган има должност и обврска да ги даде одговорите на сите трагедии и за кои граѓаните сè уште имаат неодговорени прашања и дилеми дека не сите виновници се изведени пред лицето на правдата. „Сакам да ги повикам сите пратенички групи да ја поддржат иницијативата од над 75…
Вчера во 15:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во основно училиште во Дебар, неколку малолетници нападнале ученик во училиштето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Вчера во 10:35 часот на улицата „Санде Штерјоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.С.(39) од Кичево. Тој, претходно во двор во кичевското село Карбуница, со секира ѝ се заканувал на Н.А.(46) од истото село. При извршен преглед над него е пронајден и одземен нож. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, само затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас на Заеви?, прашува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали Заев и Љупчо Николовски склучувале договори во 4 очи за местење на тендери? Исто така, кои други грантови, тендери биле добивани и доделувани, а се поврзани со истово ова трио? Кога се спомнува зборот корупција, првата асоцијација е СДС, Заев, Филипче и Љупчо Николовски. Власта на Заев, Филипче и Љупчо Николовски меѓу јавноста е позната како најкорумпираната и најкриминалната власт во историјата на Македонија“, рече Манасиевски. Манасиевски посочи дека Љупчо Николовски своевремено, освен министер за…
Бараме Јавното обвинителство да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема. Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага. Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија. Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност“, рече таа. Кузеска кажа дека станува…
Претседателкатa Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Аbility awards“, што во пресрет на 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одржа во организација на платформата „Абилитист“ којашто се бори за инклузија на овие наши граѓани. Според претседателката, надминувањето на предизвиците е заедничката должност и одговорност да се гради општество во кое достоинствениот живот не е само етички идеал, туку реална човечка потреба, потсетувајќи дека промените не зависат само од индивидуални напори, туку од континуирана посветеност и координираната работа на надлежните сектори. Таа го поздравува „Ability Awards 2025“ како просветителски проект со којшто им се оддава признание…
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и серија влажни воздушни бранови, во Македонија до недела (7 Декември) ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Дождот повремено ќе биде обилен, особено во западните и во јужните предели. Во овие региони, на повеќе места се очекува да наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри на метар квадратен. На високите планини (над 1800/1900 метри надморска височина) дождот повремено ќе преминува во снег. Минималните температури насекаде ќе бидат над нулата. Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 6 до 14 степени. Ќе дува слаб…
