Close Menu
Press24
    Најново

    Возела во спротивен правец и без возачка – Македонската полиција приведе девојка

    09.07.2026 во 10:34

    ФОТО: Ова е малолетниот Душан кој загина во страшна сообраќајка – Автомобил се превртел, а тој излетал, голема трагедија ја потресе Србија

    09.07.2026 во 10:22

    Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    09.07.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Возела во спротивен правец и без возачка – Македонската полиција приведе девојка
    • ФОТО: Ова е малолетниот Душан кој загина во страшна сообраќајка – Автомобил се превртел, а тој излетал, голема трагедија ја потресе Србија
    • Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва
    • ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, ние правиме градежен бум
    • Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер” па драстично го смени мислењето
    • Серискиот убиец од Старо Нагоричане седнува на обвинителна клупа
    • Царина: Работиме на случај каков што досега никој не се осмелил да отвори – Ќе стигнеме и до нарачателите
    • ВИДЕО: Претрес во Скопје – Полицијата откри поголема количина дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец

    Ѓорѓиевски: Споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец

    04.05.2026 во 12:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод 123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, упати порака со која оддаде почит на неговото дело и историско значење.

    Ѓорѓиевски нагласи дека името на Делчев не е само дел од историјата, туку симбол на македонската борба за слобода и достоинство.

    „Вечна слава и длабок поклон пред делото на великанот Гоце Делчев!

    Постојат имиња кои не припаѓаат само на историјата, туку на душата на еден народ.

    Такво име е Гоце Делчев, кое е симбол на слободата, на непокорот и на вечната македонска борба за достоинство.

    Голема е борбата за идеалите, но уште поголемо е делото на Гоце, кое и денес стои како наш завет пред иднината.

    Тој со својот живот ја плати најголемата љубов, кон татковината!

    Затоа, споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец.

    Тоа е почит што се носи во срцето, гордост што се пренесува низ генерации и аманет што не смее никогаш да згасне.

    И денес, 123 години по неговата смрт, со длабока почит се поклонуваме пред неговото херојство, пред македонската историја и пред славата која вечно ќе живее.

    Гоцевата борба е и наша борба.

    Борба за опстанок, за достоинство, за македонската вистина и за правото на Македонија да постои исправено пред светот.

    Гоце e завет.

    Завет, за Македонија!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

    Прочитај повеќе

    Возела во спротивен правец и без возачка – Македонската полиција приведе девојка

    09.07.2026 во 10:34

    Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    09.07.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.