Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун

    08.07.2026 во 11:16

    Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата

    08.07.2026 во 10:54

    ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

    08.07.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун
    • Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата
    • ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
    • Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Владата ќе стори сè за идеалите на Гоце Делчев и самостојна Македонија

    Мицкоски: Владата ќе стори сè за идеалите на Гоце Делчев и самостојна Македонија

    04.05.2026 во 12:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на Владата Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска оддаде почит на ликот и делото на Гоце Делчев по повод 123-годишнината од неговото загинување.

    Мицкоски истакна дека Владата останува посветена на зачувување на идеалите на македонскиот великан за независна држава и достоинство на народот.

    „Заедно со потпретседателот на Владата Димовски и министерот за надворешни работи Муцунски оддадовме од името на владата вечен помен на жртвата на великанот, македонскиот јунак Гоце Делчев, и на тој начин само сакаме да покажеме дека како Влада ќе сториме се за да неговите идеали, неговата борба за самостојна Македонија, за македонскиот народ“, изјави премиерот.

    Тој нагласи дека сеќавањето на Делчев мора да се пренесува на идните генерации, но упати и критика до меѓународната заедница во однос на вредностите кои тој ги застапувал.

    „Вредностите во кои што верувал нашиот великан Гоце Делчев за жал денеска некои земји членки на ЕУ сеуште не ги почитуваат. Не само што не ги почитуваат, туку и не ги спроведуваат“, додаде Мицкоски.

    Според него, Делчев бил човек пред своето време кој оставил неизбришлива трага во македонскиот идентитет, а неговото одбележување треба да биде традиција за секоја идна власт.

    Прочитај повеќе

    Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата

    08.07.2026 во 10:54

    Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали

    08.07.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.