Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се изгубени во магла, подготвени се на нови распродажби за да дојдат на власт

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се изгубени во магла, подготвени се на нови распродажби за да дојдат на власт

    02.05.2026 во 09:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС на чело со Венко Филипче се тотално изгубени и во политичка магла. СДС и Филипче се без концепт и без јасна стратегија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Лицемерието на Венко нема крај. Секој ден на прес-конференции растура пердува, а кога има можност за прашања и соочување тогаш бега.

    Филипче повторно избега од пратенички прашања и од Франкфурт праќа поздрави за работниците на Меѓународниот ден на трудот.

    Европската реторика на СДС и Филипче е без план и без правец. СДС и Филипче декларативно се проевропски но реално се без правец и стратегија обидувајќи се да ја скријат паниката и нервозата поради колапсот на сопствениот рејтинг.

    СДС повеќе не може да се крие зад празната флоскула „проевропски“. Зад таа реторика нема ниту конзистентност, ниту кредибилитет, туку политички опортунизам и предавства.

    Венко Филипче со неговата реторика се обидува да се продаде како единствен арбитер за европскиот пат, без да постави никакви црвени линии.

    Венко Филипче е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт.

    Филипче отворено најавува подготвеност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата. Тоа е конзистетност на истата политика на отстапки како Зоран Заев и останатите кои поради нивната сервилност, ја ставија Македонија во ситуација да се соочува со блокада на патот кон ЕУ.

    СДС на чело со Филипче подготвени се да распродадат, сè што е македонско, идентитетот, јазикот, историја и културата само поради една цел, за да дојдат на власт.

    Во исто време, луѓе од неговиот најтесен круг отворено го релативизираат македонскиот идентитет. Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДС, изјавува дека Гоце Делчев е „мит“ и небитен. Филипче за ова молчи. Молкот е одобрување.

    Дополнително, Филипче манипулира со јавноста преку спинување на изјави на европски претставници, вклучително и на Томас Вајц, кој јавно ги демантираше таквите интерпретации. Наместо транспарентност од СДС, гледаме дезинформации поради страв и паника.

    СДС и Филипче со месеци ширеа невистини дека средствата од ИПАРД програмата се изгубени и блокирани, плашејќи ги земјоделците. Вистината е спротивна, средствата се достапни и ставени се на располагање на земјоделците.

    Ова не е проевропско однесување. Ова е пример за партија која декларативно се повикува на Европа, а практично работи спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството.

    Граѓаните заслужуваат чесна политика, јасни позиции и заштита на националните интереси. СДС и Филипче не го нудат тоа“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.