Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС и Филипче се проевропски само на зборови, а пријатели им се проруски бизнисмени

    Манасиевски: СДС и Филипче се проевропски само на зборови, а пријатели им се проруски бизнисмени

    03.05.2026 во 11:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение и прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата, упати низа критики до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче. Од партијата тврдат дека опозицијата лажно се претставува како проевропска опција.

    „СДС и Венко Филипче самите си ја лепат етикетата проевропска опција, додека најдобри другари им се Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака, проруски бизнисмени“, се наведува во партискиот допис.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека лагите на СДСМ постојано се демантирани од европските институции, наведувајќи го примерот со изјавата на европратеникот Томас Вајц, како и информациите за ИПАРД средствата.

    „СДС ја спинуваа неговата изјава, а тој веднаш ги демантираше и јасно посочи дека Македонија има голем напредок во Реформската агенда“, стои во соопштението.

    Дополнително, партијата реагира и на изјавите на членови на раководството на СДСМ во врска со историските личности. „Додека Филипче говори за национални интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон, јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит. Тоа е директно омаловажување на еден од темелите на македонската државност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, заклучувајќи дека денешниот СДС е ист како оној на Зоран Заев.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.